Тиона (месечина)
месечина на Јупитер From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тиона (старогрчки: Θυώνη) или Јупитер XXIX — неправилна месечина на Јупитер. Откриена е во 2001 г. од група астрономи при Универзитетот на Хаваи под водство на Скот Шепард и дадена ѝ е привремената ознака S/2001 J 2.[1][2]

Месечината има пречник од 4 километри и кружи околу Јупитер на просечна оддалеченост од 21,406 милиони километри, правејќи круг за 639,803 дена, со наклон од 147° кон еклиптиката (147° кон Јупитеровиот екватор) со занесување од 0,2526. Просечната орбитална брзина изнесува 2,43 км/с.
Името го добила во август 2003 г. по Тиона, попозната како Семела, мајка на Дионис во старогрчката митологија.[3]
Тиона ѝ припаѓа на Ананкината групана повратни неправилни месечини кои кружат околу Јупитер на оддалеченост од 19,3 до 22,7 милиони километри при наклон од околу 150°.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads