Тиренско Море
море From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тиренското Море (корзикански: Mari Tirrenu, француски: Mer Tyrrhénienne, италијански: Mar Tirreno, неаполски: Mar Tirreno, сардински: Mare Tirrenu, сицилијански: Mari Tirrenu) водна површина која претставува дел од Средоземното Море, т.е. делот западно од копното на Италија.

Географија
Морето се граничи со Корзика и Сардинија на запад, Тоскана, Лацио, Кампанија, Базликата и Калабрија на исток и Сицилија на југ.
Најголемата длабочина на морето изнесува 3785 m.
Тиренското Море се наоѓа близу местото каде што се среќаваат Африканската и Европската Плоча, па затоа во неговите длабочини има цели планински вериги и активни вулкани. Во јужниот дел од морето се наоѓаат осумте Липарски Острови, северно од Сицилија.
Граници
Според Меѓународната хидрографска организација, границите на Тиренското Море се следниве:[1]
Во Месинскиот Проток. Линија што го поврзува северниот крај на ’ртот Пачи (15°42' ИГД) со источниот крај на островот Сицилија, ’ртот Пелоро (38°16' СГШ).
На југозапад. линија што се протега од ’ртот Лилибео (најзападно во Сицилија) до јужниот крај на ’ртот Теулада (8°38' ИГД) во Сардинија.
Во протокот Бонифачо. Линија од западниот крај на ’ртот Теста (41°14' СГШ) во сардинија, па до југозападниот крај ’ртот Фено (41°23' СГШ) во Корзика.
На север. Линијата што ги поврзува ’ртот Корс (или Корзо, 9°23' ИГД) во Корзика, со островот Тинето (44°01′N 9°51′E) и оттаму, низ островите Тино и Палмарија, па до ’ртот Сан Пјетро (44°03′N 9°50′E) на крајбрежјето на Италија.
Излези
Тиренското Море има пет излеза (од север кон југ):
- Корзиканскиот Канал помеѓу Тоскана и Корзика, широк околу 80 км.
- Протокот Бонифачо помеѓу Корзика и Сардинија, широк околу 11 км.
- Сардинскиот Канал помеѓу Сардинија и Тунис, широк околу 200 км .
- Сицилијанскиот Проток помеѓу Тунис и Сицилија, широк околу 160 км.
- Месинскиот Проток помеѓу Сицилија и Калабрија на врвот на „чизмата“ на Италија, широк околу 3 км.
Remove ads
Име
Името на морето доаѓа од грчкиот поим за Етрурците, кои се сметале за доселеници од Лидија, предводени од кнезот Тирен.[2] Етрурците се населиле долж крајбрежјето на денешна Тоскана, и затоа морето се нарекувало уште и „Етрурско Море“.
Поврзано
- Лигурско Море
- Јонско Море
- Салернски Залив
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads