Тихомир Шаревски
македонски партизан и генерал-полковник From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тихомир Шаревски (14 април 1921 во Леуново — 2 февруари 2004 во Скопје) — македонски учесник во НОБ и генерал-полковник на Југословенската народна армија.[1]
Remove ads
Животопис
Тихомир Шаревски е роден на 15 април 1921 година во село Леуново, Мавровско. Основно училиште завршил во родното село и во Гостивар, а со средно образование се здобил во Тетово и во Охрид. Бил припадник на работничкото и комунистичкото движење.
Својот активизам и дело го започнува во 1941 година кога се приклучува на месен комитет на Сојузот на комунистите на Југославија. По одреден период се истакнува и станува заменик-командир, потоа и командир на чета. Во 1944 година со формирањето на Прва македонска ударна бригада станува нејзин командант.
По Втората светска војна достига чин генерал-полковник во СКЈ. Своето пензионирање го дочекува во 1981 година.
Умира на 2 февруари 2004 година во Скопје.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads