Тичино
кантон во Швајцарија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тичино (италијански: Ticino) е еден од кантоните во Швајцарија. Тичино е најјужниот кантон во федерацијата и единствен кантон каде само италијанскиот е службен јазик. Името на кантонот потекнува од реката Тичино. Тичино со граничи со Ури на север, Вале на запад, Граубинден на североисток и со Италија на југ. Во самиот кантон се наоѓа италијанската ексклава Кампионе д’Италиа. Тичино, заедно со делови од Граубинден, ја сочинуваат т.н. Италијанска Швајцарија.
Remove ads
Географија
Тичино се наоѓа во јужниот дел на Швајцарија и е опколен од Италија од исток, запад и југ. На север се наоѓаат швајцарските кантони Вале, Ури и Гаубинден. Тичино има вкупна површина од 2.812 км2, од кои 3 четвртини се сметаат за продуктивни.[2] Со шума е зафатена третина од територијата на кантонот. Во кантонот се наоѓаат езерата Маџоре и Лугано. Најголема река во кантонот е реката Тичино.
Административна поделба

Окрузи
Кантонот Тичино е поделен на 8 окрузи:
- Белинцона со главен град Белинцона.
- Бленио со главен град Аквароса
- Левентина со главен град Фајдо
- Локарно со главен град Локарно
- Лугано со главен град Лугано
- Мендрисио со главен град Мендрисио
- Ривиера со главен град Бјаска
- Валемаџа со главен град Севио
Општини
Кантонот е составен од 157 општини, според состојбата до 2010 година. Општините се групирани во подокрузи, а подокузите во окрузи.
Remove ads
Демографија
Вкупното население на кантонот, според податоците за 2010 година, е 333.753 жители. Според податоците од 2007 година, во кантонот имало 82.794 странци или 25.2% од вкупното население[3]. Густината на население на кантонот е 114.6 лица на километар квадратен.[2] Во 2000 година, 83.1% од населението зборувале италијански, 8.3% зборувале германски и 1.7% зборувале српскохрватски.[2] Околу 76% од населението се Католици и 7% Протестанти.[4] Единствен службен јазик е италијанскиот.
Култура
Во кантонот се издаваат четири дневни весници на италијански јазик: Corriere del Ticino, laRegione Ticino, Giornale del Popolo и Il Grigione Italiano.[5]
Наводи
Користена литература
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads