Тоби Алдервеирелд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тобијас Албертин Мауриц Алдервеирелд (роден на 2 март 1989 во Антверпен) — белгиски фудбалер, играч од одбраната на Ројал Антверпен и поранешен репрезентативец на Белгија (2009-2022).
Алдервирелд ја започнал својата кариера во холандскиот клуб, Ајакс, каде како продукт на академијата на клубот дошол до првиот тим и освоил три последователни титули во холандското првенство. Во 2013 година, тој се преселил во Атлетико Мадрид, каде што уште во првата негова година го освоил шпанското првенство и стигнал до финалето на Лигата на шампионите. Следната година ја поминал на позајмица во Саутхемптон, оставајќи одличен впечаток во Премиер лигата на Англија, по што трајно се преселил во ова првенство во летото 2015 година кога потпишал за Тотенхем. Токму во овој лондонски клуб поминал најголем дел од својата кариера, играјќи 6 сезони во кој запишал 236 настапи и одиграл уште едно финале на Лигата на шампионите во 2019 година. Откако го напуштил на Тотенхем, одиграл една сезона во Ал-Духаил, пред да се врати во својот роден град каде од 2022 година настапува за Ројал Антверпен.
За репрезентацијата на Белгија, Алдервеирелд настапувал од 2009 до 2022 година, забележувајќи 127 настапи и 5 голови; моментално тој е на третото место на вечната листа на играчи со најмногу настапи за Белгија. За својата земја настапил на три Светски во 2014, 2018 и 2022 и две Европски првенства во 2016 и 2020.
Remove ads
Титули
Ајакс
Ередивиси : 1
- 2010-2011, 2011-2012, 2012-2013
- 2009-2010
- 2013
Атлетико Мадрид
Примера Дивисион : 1
Ал-Духаил
- Куп на емирот на Катар : 1
- 2022
Ројал Антверпен
- Белгиско првенство : 1
- 2022-2023
- Куп на Белгија : 1
- 2022-2023
- Суперкуп на Белгија : 1
- 2023
Репрезентативни
Белгија
Трето место: 2018
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads