Светско првенство во фудбал 2022
Викимедиина категорија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Светско првенство во фудбал 2022 — 22. светско фудбалско првенство, меѓународен фудбалски турнир кој се одржува на секој четири години и на кој право на учество имаат сите членки на ФИФА кој ги минале квалификациите. Турнирот ќе се одржи во Катар од 20 ноември до 18 декември 2022 година.[1] Ова било првото светско првенство кое се одржало во Арапскиот свет,[2] и второто Светско првенство одржано целосно во Азија по турнир во 2002 во Јужна Кореја и Јапонија.
Поради интензивните летни горештини и влажност во Катар,[3] ова Светско првенство се одржало во зима, и било првиот турнир што не се одржал во мај, јуни или јули и се одржал во доцна есен на северната полутопка. Се одиграло во намален временски рок од 29 дена.[4] Воведниот натпревар бил помеѓу Катар и Еквадор на Стадион Ал Бајт, во Ал Хор. Финалето се одиграло на 18 декември 2022 година, на Националниот ден на Катар. Бранител на титулата била Франција, која ја совладала Хрватска со 4–2 во финалето на Светското првенство 2018.
Аргентина го освоила првенството, победувајќи го бранителот на титулата Франција во финалето со 4–2 на пенали, по ремито 3–3 по продолженијата. Францускиот играч Килијан Мбапе станал првиот играч кој постигнал хет-трик во финале на Светско првенство по Џеф Херст во финалето во 1966 година и ја освоил Златната копачка откако постигнал најмногу голови (осум) за време на турнирот.
Во мај 2011, постоеле обвинувања за корупција во ФИФА кои ги покренале прашањата околу легитимноста на Светското првенство да се одржи во Катар. Според потпретседателот Џек Варнер, бил испратен имејл околу можноста дека Катар го "купил" Светскиот куп 2022 преку мамење од страна на Мохамед бин Хамам кој бил претседател на Азиската фудбалска конфедерација тогаш. Организаторите во Катар, негирале дека направиле нешто лошо.[5] Подоцна се испостави дека обвинувањата биле лажни.[6][7]
Remove ads
Изборот на домаќин
Процедурата за тоа кој ќе биде домаќин на светските фудбалски првенства во 2018 и 2022 започна во јануари 2009, и националните асоцијации имаа до 2 февруари 2009 да го регистрираат нивниот интерес.[8] Претходно, имаше единаесет кандидати за Светскиот куп 2018, но Мексико подоцна се откажа од кандидатурата,[9] и индонезиската кандидатура беше одбиена од ФИФА во февруари 2010 кога индонезиската влада не успеа да испрати писмо за да ја поддржи кандидатурата.[10] Индонезиските власти не исклучија можност за кандидирање за Светскиот куп 2026, по победата на Катар за Светскиот куп во 2022. Во текот на избирањето на земјата домаќин, сите не УЕФА нации пополека се откажаа од кандидатурите за 2018, правејќи ги УЕФА земјите неприкладни за кандидирање за купот во 2022.
Remove ads
Квалификации
Квалификациониот процес за Светскиот куп 2022 не е сè уште објавен. Сите земји членки на ФИФА, кои вкупно се 209,[11] може да учествуваат во купот. Фудбалската репрезентација на Катар, како домаќини, се квалификуваа автоматски на првенството.
Квалификувани репрезентации и начин на квалификување
Квалификувани репрезентации по конфедерации
Remove ads
Стадиони
Првите пет предложени стадиони за првенството биле објавени во март 2010 година. Стадионите ќе имаат кулинг технологија која ќе ги намалува температурите на стадионите до 20 степени целзиусови.[12] Сите пет стадионски проекти се дизајнирани од страна на германскиот архитект Albert Speer & Partners. Катар се залага стадионите да ги имаат културните и историските аспекти на земјата-домаќин. По добивањето на организаторството, домаќините на ова првенство се посветиле на изградба на стадиони со највисоки стандарди за одржливост и животната средина, така да стадионите бидат опремени со системи за ладење кои ќе бидат прилагодливи во услови на лоши временски прилики во Катар.[13]
Во април 2017 година, ФИФА доправа требала да го финализира бројот на стадиони што Катар морал да ги подготви за период од пет години. Катарскиот комитет за испорака и наследство рекол дека се очекува бројот на стадиони да биде осум и тоа во и близу главниот град Доха, со исклучок на Ал Хор.[14][15]
Во јануари 2019 година, Инфантино изјавил дека ФИФА ја истражувала можноста и соседните земји да бидат домаќини на овој турнир, поради намалување на политичките тензии.[16]
Најкористен стадион на првенството ќе биде Лусаил Ајконик, кој ќе биде домаќин на 10 натпревари, вклучувајќи го и финалето. За првпат досега, сите стадиони пријавени за овој турнир ќе се користат и за натпревари од нокаут рундата.
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads