Тодорица (Бели)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тодорица — археолошко наоѓалиште во кочанското село Бели. Претставува населба од неолитско и доцноантичко време. На 1 км северозападно од селото, на зарамнетиот простор на чуката што се издига во непосредната близина на Тркањски и Бањски Дол, при обработувањето на нивите се откриени фрагменти од керамички садови, претежно со сива боја. Покрај нив се среќаваат и фрагменти од керамички садови, тегули, питоси и покривни ќерамиди од доцноантичкото време. Платото, со димензии од 150 × 80 м, било оградено со бедем од кој се зачувани темелите градени од кршен камен и варов малтер.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads