Општина Кочани
општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Кочани — општина во Источна Македонија. Седиште на општината е градот Кочани. Со новата територијална поделба на Република Македонија од 2005 година кон поранешната Општина Кочани е припоена и Општина Оризари.



Remove ads
Географија
Општина Кочани се наоѓа во источниот дел на Република Македонија, сместена на североисточната страна на Кочанската Котлина и југоисточната страна на Осоговските планини. Зафаќа површина 360,32 км2, со најниска надморска височина од 320 м и највисока 2.085 м.
Општината се граничи со:
- север - Општина Крива Паланка
- исток - Општина Македонска Каменица
- југоисток - Општина Виница
- југ - Општина Зрновци
- запад - Општина Чешиново-Облешево
- запад - Општина Пробиштип
- северозапад - Општина Кратово
Општина Кочани има 28 населени места, од кои 1 е градско и 27 селски. Четири од селските населени места се целосно иселени.[2]
Remove ads
Историја
Поради поволната географска местоположба и одличните природни одлики, територијата на денешниот град Кочани била населена од најстарите антички времиња, најпрво од Пеонците, Медите и Траките, а во 80-те години од VI век почнуваат да се населуваат Словените, поточно до VII век припадници на племето Смолјани ја колонизираат Кочанската Котлина и се утврдуваат во неа. Браќата Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост од 845-855 г. престојувајќи во Брегалничката област (Мородвис) отпочнале со ширење на христијанството на словенски јазик.
Градоначалници на Кочани
Досегашни градоначалници на Кочани биле:
- Томе Вангелов (1920–1924)[3]
- Спиро Симеонов (1925–1928)[4]
- Благој Џидров (1928–1930)[5]
- Јован Двојаков (1932–1935)[6]
- Трендо Христов (1944–1946)[7]
- Благој Хаџи Василев (1946–1948)[8]
- Величко Георгиев (1948–1950)[9]
- Владо Стаменков (1950–1954)[10]
- Боро Ефремов (1954–1963)[11]
- Михајло Арсов – Војчо (1964–1966)[12]
- Стојан Трендов (1966–1970)[13]
- Киро Данилов (1970–1974)[14]
- Иван Серафимов (1974–1981)[15]
- Тодосија Паунов (1982–1983)[16]
- Божидар Андоновски (1984–1985)[17]
- Драги Георгиев (1986–1990)[18]
- Љупчо Беличев (1990–1996)
- Лазар Веселинов (1996–2000)
- Љубомир Јанев (2000–2002, 2005–2009)
- Тодор Пашовски (2003–2004)
- Ратко Димитровски (2009–2017)
- Николчо Илијев (2017–2021)
- Љупчо Папазов (2021–2025)[19]
- Венко Крстевски (2025), в.д.[20]
Remove ads
Демографија
Според Законот за територијална поделба од 2004 година кон општина Кочани е припоена и поранешната Општина Оризари, а според пописот од 2021 година во неа живеат 31.602 жители, од кои:[21]
Вероисповед | Вкупно |
православни | 30.793 |
муслимани | 2.273 |
католици | 21 |
протестанти | 31 |
останати | 571 |
Јазик | Вкупно |
македонски | 35.579 |
албански | 2 |
турски | 1.487 |
ромски | 757 |
влашки | 148 |
српски | 58 |
бошњачки | 1 |
останати | 60 |
Според проценките на Државниот завод за статистика, на крајот на 2015 година има намалување на бројот на населението и тоа изнесува 37.800 жители.[22] Од овој број 18.943 се мажи, а 18.857 се жени.
Општествени установи
- ЦК “Бели мугри“ Архивирано на 25 април 2011 г.
- Основен суд
- Здравствен дом
- Општа болница
Самоуправа и политика
Административно седиште на Општината е градот Кочани. В.Д. Градоначалник на општина Кочани е Венко Крстевски , кој бил независен советник во советот на Општина Кочани тој бил избран на функцијата на 14 април 2025 година. Тој бил избран за градоначалник поради оставката и притворот на Љупчо Папазов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години. Но поради пожарот во дискотеката "ПУЛС" каде што животот го загубија 62 лицa , Папазов си поднесе оставка[23] Советот на Општина Кочани е составен од 19 члена.
Според последните локални избори од 2021 година, членовите на Советот според политичката припадност за мандатот 2021-2025 се:

Независни: 2 места
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Долно Градиште
- вештачко езеро Гратче
- Пониква
- Раткова скала Архивирано на 17 ноември 2016 г.
- Дабот кај с. Бели Архивирано на 17 ноември 2016 г.
- Споменик на слободата
Земјоделство
Традиционална стопанска гранка во општина Кочани е земјоделството за кое постојат одлични природни и агротехнички услови. Почвата е плодна од алувијално потекло. Најголем дел од обработливите површини се наводнуваат, поради што има изградено акумулациони објекти и разгранета каналска мрежа од 280 км.
Оризот е најзначајна земјоделска култура со многувековна традиција, високи приноси и одличен квалитет. Годишно се сеат околу 3500 хектари под ориз, со принос од над 5000 кг/ха. Застапени сорти на оризова култура се монтичели Архивирано на 31 октомври 2012 г., Р-76/6 Архивирано на 31 октомври 2012 г., Сан Андреа Архивирано на 31 октомври 2012 г., Прима риска Архивирано на 31 октомври 2012 г., и Монтеса Архивирано на 28 септември 2011 г.. Квалитетот на оризот е потврден на Еурека-2000 во Брисел со признание Гран-при Најдоброто од Македонија, со заштитен знак бр. 1- оризот, белото кочанско злато.
Remove ads
Редовни настани
- Драмски аматерски фестивал (мај)
- Денови на кочанскиот ориз (септември)
Личности
- Александар Алексиев, романописец, критичар, книжевен историчар и театролог
- Борис Стојчев, театролог и публицист
- Бранко Пендовски, писател
- Благоја Попов, политичар
- проф. д-р Благој Попов, математичар
- Кирил Ѕ'мбов, јадрен физичар
- д-р Константин Апостолов, лекар специјалист по микробиологија
- Кочани Оркестар, блех оркестар
- Малина Попиванова, револуционерка
- проф. д-р Миле Хаџи Василев, правник
- Насе Насев, спортски директор на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК)
- Ристо Јуруков, музички педагог
- Сашко Насев, писател, драматург и поранешен амбасадор на Република Македонија во Канада
- Стефан Попиванов, револуционер
- Стево Теодосиевски, музички уметник
- Симеон Иванов - Канго, гитарист, рок-музичар
- Харалампие Манчев, лекар специјалист, прв македонски медицински истражувач
Култура и спорт
Културните збиднувања се остваруваат во бројни институции, за која цел се изградени разновидни објекти ( Дом на културата, кино и сл.). Во Кочани постојат неколку фолклорни друштва кои го негуваат фолклорот, а се негува и драмскиот аматеризам. Секоја година традиционално се одржува ДАФ (Драмски Аматерски Фестивал) во месец мај и Деновите на оризот, во месец септември.
За развој на спортот во градот има изградено спортска сала, фудбалски стадион, базен, терени за тенис, мини голф и слично. Постојат голем број на спортски клубови и здруженија во кои се развиваат различни спортови: борење, кошарка, фудбал, гимнастика, карате, шах, и др. Кочани бил домаќин на државни и меѓународни културни и спортски случувања.
Remove ads
Иселеништво
Иселеништвото во општината има неколкудецениска традиција, при што главно младата население, поради економски причини, емигрирала во Западноевропските земји - во почетокот во Германија, Франција и Австрија, а во последната деценија во Италија и делумно САД, Канада и Австралија.
Поврзано
Надворешни врски
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads