Тодор Станков

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тодор Станков
Remove ads

Тодор Станков — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација.

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Роден е 1875 година во град Прилеп, тогаш во Отоманското Царство. Завршил при Солунската гимназија во 1893 година. Учителствал во Прилеп, каде што влегува во Организацијата и станува член на локалниот околиски револуционерен комитет. Подоцна е учител во Штип во учебната 1895/96 година, препорачан од Даме Груев, да го заземе неговото место во комитетот, подоцна учителствува во Радовиш, каде што го предводи околискиот револуционерен комитет во овој град. Учителствал и во Крушево, а од април 1898 година е нелегален војвода на чета во Радовишко.

Во меѓувреме, во неговата чета се приклучиле Васил Липовиклијата - Јурукот и Георги Турчето. На 12 јуни ги завршил со поставените задачи и се засолнил во Конечкиот манастир, каде што е предаден на турските власти. Иако бол подложен на тешки измачувања не предал тајни на Орагнизацијата [1].

Thumb
Ќустендил 1902 г.: баба Дона Ковачева, Марко Секулички, Гоце Делчев, Михаил Герџиков, Петко Пенчев и Тодор Станков

По апсењето е осуден на 6 години затвор, но е ослободен по грешка и побегнал во Бугарија. Од 1900 до 1901 година е пунктовен началник премини на Организацијата во Ќустендил. Учествува во Илинденското востание со четата на Лазар Маџаров, која дејствува во Лозенградско.

Учествува во Балканската војна како доброволец во Деветтата велешка дружина при Македонско-одринското ополчение. Награден е со народен орден со круна VI степен [2]. За време на Првата светска војна е градоначалник на градот Штип.

Починал 1938 година во Софија.

Remove ads

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads