Лазар Маџаров
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лазар Маџаров — македонски револуционер, учесник во македонското и одринското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација, втор по важност во Одринскиот револуционерен округ по Михаил Герџиков.[1]
Remove ads
Животопис
Роден е во 1872 г. во село Негован, Лагадинско. Во 1892 година ја завршува Солунската машка гимназиja и заминува за Бугарија каде станува учител во Жеравна, а потоа во село Рила. Во 1897 година е назначен од егзархијата на крајот на учебната 1898/99 година, сепак, Лазар Маџаров требало да го напушти Лозенград и да заземе наставнциите место во Лехчево, Македонија, каде бил преместен од Егзархијата. Маџаров одбил и бил отпуштен.ата за главен учител на бугарските училишта во Лозенград (денеска во Турција). Стапнува во Организацијата и станува раководител на местниот револуционерен комитет во Лозенград. На крајот на учебната 1898/99 година, сепак, Лазар Маџаров требало да го напушти Лозенград и да заземе учителско место во Лехчево, Македонија, каде бил преместен од Егзархијата. Маџаров одбил за да остане во Тракија и бил отпуштен.[2]
По напуштањето на наставничката работа Маџаров преминува во илегала и од 1899 година се придава целосно на револуционерната работа. Го придружува Гоце Делчев при обиколката во Одринско, 1900 година. Во пролетта на 1901 г тој создава првата постојана агитациона чета во Странџа, во која влегуваат Лазо Лазов од Лозенград, Јани Попов од Карахадар, Јанко Стојанов од Мало Трново и Коста Тенишев од Лозенград. Во април 1902 година учества во Пловдивскиот конгрес на Одринскиот револуционерен округ, на кој е избран за главен војвода на Лозенградскиот регион. Делегат е на конгресот на Петрова Нива, на кој е избран за член на Главното раководство.
Учествува во Илинденското востание како воjвода на чета во планината Странџа. По востанието ja раководи организациjата во Родопите и Западна Тракиja. На конгресот на Одринскиот револуционерен округ во Варна во 1904 година е избран за член на задграничното претставништво на Одринско. Учествува на Рилскиот конгрес во 1905 година. Загинал во 1907 година во битка со Турците во селото Лаџаќој, Западна Тракија[3][4] со Петар Васков, Ѓорѓи Гешанов, Чанко Карабраканов и Јанаки Милков.[5] Денес гробот на револуционерите се наоѓа во старото егзархиско гробиште во Лутрос.[6]
Remove ads
Наводи
Извори
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads