Токата

From Wikipedia, the free encyclopedia

Токата
Remove ads

Токата (од италијански - tоccаrе - „допрено", „да се допре") — композиција наменета за инструмент со клавиши (оргули, чембало, пијано) во која е изразена виртуозноста на изведувачот. Се појавила во Италија на почетокот на 16 век. Во почетокот немала одредена форма, а тоа значело инструментална композиција создадена независно од гласните предлози. По својот импровизаторски карактер слична е на прелудиумот и фантазијата, иако уште во најраните примери покажува и многу сопствени одлики.

Thumb
Првата страница од Токата и фуга во Де-дур, BWV 565 од Јохан Себастијан Бах

Главно во неа фокусот е врз виртуозноста и максималното користење на сите технички можности на инструментот.

На крајот на 16 век, терминот токата се користел во Италија за пократки воведи за оргуља во богослужбата. Италијанската токата својот врв го доживеела со делата на Џироламо Фрескобалди. Тој ги поврзал хомофонските пасажи на токата со брилијантни пасуси и ја постигнал формалната комплетност со мотивирано единство.

Во тогашната италијанска литература за чембало (А. и Д. Скарлати, Ф. Дуранте) токата е или конечна позиција на суитата или независна композиција. Музичарите надвор од Италија исто така ја презеле повеќеделната форма на токатата[1].

Remove ads

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads