Томе Бабамовски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Томе Бабамовски
Remove ads

Томе Бабамовски ( 1926 во Скопје13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Произлегува од сиромашно семејство. По завршувањето на основното училиште поради лошите материјални услови, не можел да го продолжи своето образование. Работел како општ работник. Окупацијата на Македонија го затекнала мошне млад. Тоа не му попречило да се вклучи во народно-ослободителното движење и да учествува во акциите за собирање и испраќање материјална помош на партизанските единици. Подоцна стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада и како борец на Вториот баталјон учествувал во сите борби. Особено се истакнал во ликвидирањето на балистичките банди, што дејствувале во близината на Скопје. На 13 ноември 1944 година, учествувал во борбите за ослободување на Скопје. Директно учествувал во ликвидирањето на германското упориште кај францускиот конзулат. При заземањето на тоа непријателско упориште, храбро загинал и овој млад партизан.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads