Тонгатапу

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тонгатапуmap
Remove ads

Тонгатапу (тонгански: Tongatapu) — главен остров во Кралството Тонга, на кој се наоѓа и главниот град на државата, Нукуалофа. Островот е дел од јужните тонгански острови, и е најнаселен остров во државата со околу 71.260 жители (2006) или 70,5% од вкупното население на државата. Тонгатапу е дом на владата на државата и седиште на монархијата. Бидејќи островот и главниот град се економски и транспортни центри во државата, тие забележуваат забрзан раст и со тоа се привклекуваат поголем број внатрешни доселеници.

Кратки факти Географија, Место ...
Thumb
Кралската палата во Тонга
Remove ads

Географија

Островот има вкупна површина од 257,03 км2, или 260.48 км2 заедно со околните помали островчиња. Островот е рамен бидејќи е создаден од корален варовник. Островот е покриен со дебела плодна почва, која е богата со вулкански пепели од соседните вулкани. На брдовитиот јужен брег, висината достигнува до 35 метри и постепено се спушта кон север. Највисока точка на островот е кај селата Фуамоту и Наколо со надморска висина од 65 метри.

Thumb
Островот Атата, околу 30 минути со брод од Тонгатапу.

Северно од островот има повеќе мали изолирани островчиња и корални гребени кои достигнуваат и до 7 км од брегот на Тонгатапу. Скоро затвроените лагуни Фангаута и Фангакакау се важни места за мрестење на птиците и рибите. Тие се прогласени за природни резервати во 1974 година од страна на владата. Островот има само неколку песочни плажи.

Островот има посвежа клима за разлика од останатите острови во Тонга. Поради ова, производството на овошје е послабо на Тонгатапу за разлика од северните острови.

Remove ads

Позначајни места

Thumb
Трилит во Тонгатапу.
  • Нукуалофа - главниот град на Тонга.
  • Муа - втор најголем град на Тонгатапу.
  • Ланги - гробови на тонганските кралеви
  • Хуфангалупе - природен копнен мост на југоисточниот дел од островот
  • Хамонга а Мауи - трилит
  • Нукулека - можеби првото населено место во Тонга

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads