Тополничко Езеро

вештачко езеро и јаловиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Тополничко Езероmap
Remove ads

Тополничко Езеровештачко езеро и хидројаловиште во близина на селото Тополница по коешто и го добило името.

Кратки факти Тополничко Езеро, Координати ...
Remove ads

Географија и хидрографија

Езерото е изградено по горното течение на Тополничка Река, на надморска височина од 620 м. Сливната површина на реката до преливот на браната изнесува 20,1 км2 и таа образува корито во должина од 6 км. Вкупната површина на езерото изнесува 0,23 км2. Испарувањето на водата од езерото при просечно количество врнежи од 650 мм годишно изнесува 170.000 м3.[1]

Брана и капацитет

Браната е изградена на надморска височина од 520 м. Таа има вкупна корисна зафатнина од 1.350.000 м3, а потребната зафатнина за нанос (мртов простор) изнесува 500.000 м3.[1]

Намена

Браната на езерото било планирано да биде формирана во три фази. Езерото служи за прибирање на отпадниот материјал (јаловина) којшто се добива со издвојвањето на корисниот концентрат на бакар при подготовка на минералната суровина во процесот на флотација. Јаловината по својот состав претставува ситнопесоклива и финопрашкаста материја со масен удел од околу 99% од вкупно произведената руда, која до езерото се доведува во облик на пулпа преку отворен каналски систем. Потоа, јаловината преку систем на циклониање се разделува на маса со покрупни зрна (фракција на песок) и фини зрна (фракција на прелив). Масата со покрупни зрна служи за надвишување на браната, а онаа со фини зрна се испушта во езерото и во него се таложи. Избистрената вода од езерото преку повратен цевковод се испумпува и се враќа во процесот на флотација.[1]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads