Торесов Проток

проток меѓу Австралија и Папуа Нова Гвинеја From Wikipedia, the free encyclopedia

Торесов Протокmap
Remove ads

Торесов Проток — (англиски: Torres Strait) проток помеѓу Австралија и Меланезискиот остров Нова Гвинеја. На најтесносното место неговата ширина изнесува 150 км. На југ од него се наоѓа Полуостровот Кејп Јорк, најсеверната точка од австралиското копно. На север е Западната покраина од Папуа Нова Гвинеја. Името го добил по шпанскиот морепловец Луис Ваз де Торес, кој пловел низ теснецот во 1606 година.

Кратки факти Торесов Проток Torres Strait, Подрачје ...
Thumb
Торесовиот Проток гледан од вселената - полуостровот Кејп Јорк е на дното; неколку од островите Торесовиот Проток може да се видат нанижани кон Папуа Нова Гвинеја на север.

Во 1980-тите домородното население решило да создаде свое име за подрачјето. Тие се решиле за името Зенад Кес (Zenadh Kes), кој е вештачки акроним.[1]

Remove ads

Историја

Првиот Европеец за кој се знае дека поминал низ протокот бил Луис Ваз де Торес, шпански морепловец, заменик командант во шпанската експедиција предводена од Педро Фернандес де Кеирош, кој пловел од Перу до Јужниот Тихи Океан во 1605 година. Откако Кеирош се вратил во Мексико, Торес го продолжил планираното патување до Манила преку Молучките Острови. Тој пловел по јужниот брег на Нова Гвинеја и го открил теснецот кој сè уште го носи неговото име. Ова откритие подоцна било внесено на шпанските карти на Тихиот Океан и ќе ја овозможи експедицијата на Џејмс Кук во Австралија. Не е познато дали Торес со својот екипаж стигнал до австралиското копно покрај кое што само четири месеци претходно пловел Вилем Јансон (кој пак не го забележал Торесовиот теснец). Исто така нема записи кои потврдуваат дека Торес го здогледал брегот на големата копнена маса јужно од протокот,[2] а на раните шпански карти правилно го прикажуваат брегот на Нова Гвинеја, но ја нема Австралија.

Во 1769 година, шкотскиот географ Александар Далримпл, додека преведувал некои шпански документи одземени на Филипините во 1762 година, го пронашол сведочењето на Луис Ваз де Торес во кое наведува премин јужно од Нова Гвинеја.[3] По ова Далримпл во 1770–1771 година го објавил своето дело „Историска збирка од неколку патувања и откритија во јужниот дел на Тихиот Океан“, кое предизвикало интерес за тврдењето дека постои неоткриен континент. Далримпл го именувал теснецот по Торес. Далримпл бил разочаран што наместо него Џејмс Кук бил назначен за командант на експедицијата која подоцна (во 1770 година) ќе стигне и ќе го нацрта источниот брег на Австралија.

Во 1770 година, Џејмс Кук го обиколил Кејп Јорк, свртел на југозапад и стигнал до Островот Посесион. Од врвот на еден рид, му сигнализирал на бродот дека може да види пловен премин низ опасниот теснец. Подоцна кога дознал дека Французите поминале преку Тихиот Океан пред него, Кук ја пренапишал оваа сигнализација како церемонија за поседување,[4] наведувајќи дека источниот брег на Австралија ѝ припаѓа на британската круна.[5]

Во 1978 година, со договор меѓу Австралија и Папуа Нова Гвинеја била утврдена поморската граница во Торесовиот Проток.[6]

Remove ads

Географија

Торесовиот Проток го поврзува Коралното Море на исток со Арафурското Море и Карпентарискиот залив на запад. Иако е важен меѓународен морски пат, водата е многу плитка (длабочина од 7 до 15 м),[7] и е еден вид на лавиринт од гребени и острови кои ја отежнуваат навигацијата. Бродовите влегуваат во Торесовиот Проток преку Адолфовиот Канал, кој на југоисток го поврзува (протокот) со лагуната на Големиот Корален Гребен. Во тесните канали помеѓу островите и гребените има силни плимни струи, а големите песочни дини под морето ја менуваат својата местоположба.[8] Во Торесовиот Проток има околу 580 корални гребени со вкупна површина од 2400 квадратни километри, а на тоа подрачје се наоѓаат најпространите лежишта на морска трева во светот.[9]

Thumb
Панорама на островите од Торесовиот Проток

Во протокот има неколку групи на острови со заедничко име Островите на Торесовиот Проток. Овој архипелаг има 274 острови, а 17 од нив се постојано населени. Острови се разликуваат по својата топографија, екосистем и создавање. Оние кои се најблиску до брегот на Нова Гвинеја се ниски, формирани од алувијални седиментни наслаги.[10] Многу од западните острови се ридски и стрмни, составени претежно од гранит и се најсеверни врвови на Големиот Разводен Венец. Со покачувањето на нивото на морето по завршувањето на леденото добаовие врвови станале острови. Средишните острови се претежно корални островчиња, а островите во источниот дел се од вулканско потекло.

Remove ads

Луѓе, култура и јазици

Домородно население на островите во Торесовиот Проток се Островјаните од Торесовиот Проток, една од двете етнички групи на домородните австралиски народи. Островјаните од Торесовиот Проток се разликуваат и од Папуанците од соседната Нова Гвинеја и од Австралиските Абориџини, но се тесно поврзани со и со двете етнички групи.[11]

Со пописот во Австралија од 2016 година, било забележано дека на островите живеат 4.514 луѓе.[12]

Во литературата

Торесовиот Проток се споменува во „Дваесет илјади милји под морето“ од Жил Верн како опасен проток во кој подморницата „Наутилус “ заглавила накратко.

Поврзано

  • Острови во Торесовиот Проток
  • Островјани од Торесовиот Проток
  • Острови на Торесовиот Проток
  • Договор за Торесовиот Проток - договор меѓу Австралија и Папуа Нова Гвинеја со кој се поставува поморската граница меѓу двете нации во Торесовиот Проток

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads