Папуа Нова Гвинеја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Папуа Нова Гвинеја (англиски: Papua New Guinea, ток писин: Papua Niugini) или официјално Независна Држава Папуа Нова Гвинеја — држава во Океанија, која го зазема источниот дел на островот Нова Гвинеја и многубројни околни острови. Островот се наоѓа во југозападниот дел на Тихиот Океан, во регионот Меланезија. Главен град на Папуа Нова Гвинеја е Порт Морзби. Оваа држава е една од државите со голема мултикултура, односно во државата има повеќе од 850 различни етнички групи. Вкупното население на Папуа Нова Гвинеја е околу 6 милиони жители. Таа е една од најруралните држави во светот каде 18% од населението живее во урбаните средини. Исто така, оваа држава е една од најретко истражените држави во светот, што се однесува до флората, фауната и етнологијата.
- Ова е статија за државата во Океанија. За останати значења на поимот Гвинеја видете ја страницата за појаснување.
Remove ads
Потекло на поимот
Двојното име на државата доаѓа од комплексната историја пред независноста. Зборот „папуа“ доаѓа од зборот пепуах кој се користел за да се опише остриот воздух во државата, додека името „Нова Гвинеја“ било дадено од шпанскиот истражувач Ињиго Ортиз де Ретез кој во 1545 година запишал дека месното население го потсетувало на месното население од Гвинеја, Африка.
Историја

Остатоци од човек на островите биле пронајдени кои датираат од пред 50.000 години. Овие антички жители најверојатно биле од Југоисточна Азија. Земјоделството било развиено уште пред 9.000 години. Поголем бран на доселеници на бреговите на државата дошле пред 2.500 години.
Малку било познато за островите на Западот сè до 19 век, иако трговци од Азија ги посетувале островите.
Северниот дел од државата потпаднал под германска контрола во 1884 и бил дел од Германска Нова Гвинеја. За време на Првата светска војна, државата била окупирана од Австралија и била позната како Британска Нова Гвинеја. Во 1904 година државата го сменила името во Папуа.
Териториите биле соединето во Територија на Папуа и Нова Гвинеја кои подоцна биле преименувани во Папуа Нова Гвинеја.
Потоа следело мирно отцепување од Австралија на 16 септември 1975 година.
Remove ads
Географија и клима

Со 462.840 km2, Папуа Нова Гвинеја е педесет и петтата држава во светот по територија, после Камерун.
Папуа Нова Гвинеја е повеќето планинска држава со највисок врв од 4.509 метри и повеќето од државата е покриена со тропски дождовни шуми. Околу островот Нова Гвинеја има корален гребен.
Државата се наоѓа во регионот наречен Огнен прстен и има неколку активни вулкани и ерупциите се чести. Исто така земјотресите се чести, понекогаш следени со цунами.
Копното на државата е источниот дел на островот Нова Гвинеја, каде се наоѓаат најголемите градови, вклучувајќи го главниот град Порт Морзби и Лае.
Папуа Нова Гвинеја е една од ретките држави кои се наоѓаат на екваторот, а при тоа да има врнежи од снег.
Политички систем
Папуа Нова Гвинеја е член на Комонвелтот на Нации и кралот Чарлс III е шеф на државата. Во Папуа Нова Гвинеја кралот е претставен од генералниот гувернер. Папуа Нова Гвинеја и Соломонските Острови се различни од другите комонвелтски држави по тоа што генералниот гувернер се избира од страна на парламентот.
Извршната власт е во рацете на премиерот на Папуа Нова Гвинеја кој го предводи кабинетот. Парламентот на Папуа Нова Гвинеја има 109 членови, од кои 20 се зафатени од 19-те гувернери на покраините. Членовите се избрани преки регуларни избори со мандат од пет години.
Remove ads
Административна поделба
Папуа Нова Гвинеја е поделена на 4 региони, кои опфаќаат 20 покраини, еден автономен регион (Бугенвил) и еден национален престолнински округ. Папуа Нова гвинеја не е федерација од покраини, туку унитарна држава, каде покраините се потчинети на централната власт.
Покраини

Еве список на покраините во земјата:[5]
Региони

Планински Регион
Островски Регион
Момасе
Папуа
Земјата се дели на четири региони, кои играат значајна улога во секојдневниот живот. Неретко според нив се води организацијата на владините служби, подрачјата на стопанисување, спортските натпревари, па дури и политичките игри. Кај населението има силно чувство на регионална припадност, и постојат сериозни меѓурегионални соперништва. Честопати министрите и другите функционери се назначуваат од сите региони за да се запази рамнотежата.
Четирите региони се:
Remove ads
Стопанство
Папуа Нова Гвинеја е богата со природни ресурси, но ископувањето на рудата е отежнато поради непристапниот терен, скапата инфраструктура и законите. Земјоделството е извор на егзистенција на околу 85% од населението. Минералните депозити, како што се нафта, бакар и злато, се 72% од извозот на Папуа Нова Гвинеја.
Население, јазик и религија
Папуа Нова Гвинеја е најнехомогена нација во светот. Има стотици етнички групи во државата, од кои мнозинството се дел од групата наречена Папуанци чии предци дошле во регионот пред илјадници години. Исто така има и австронезици, кинези, Европејци, филипинци и микронезијци.
Уставот и владата на Папуа Нова Гвинеја гарантираат слободни верски права. Според пописот од 2002, 96% од населението се христијани, припадници на најразлични црковни заедници.
Папуа Нова Гвинеја има многу јазици. Бројката на јазици во државата е над 820 или 12% од вкупната бројка на јазици во светот. Староседелските јазици се делат на две групи: австронезиски јазици и неавстронезиски јазици или папуански јазици. Во државата има три службени јазика, меѓу кои и англиски јазик иако не е многу зборуван. Лингва франка е пиџинскиот јазик ток писин. Во јужниот регион на Папуа Нова Гвинеја не се зборува овој јазик и таму најзастапен и службен е хири моту.
Религија
Remove ads
Култура
Културата на Папуа Нова Гвинеја е комплексна и разновидна. Забележани се над илјада културни групи. Поради оваа различитост има многу различни стилови на живеење, секоја група има своја уметност, танци, оружје, архитектура и музика. Повеќето од овие различни групи имаат свој јазик.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads