Торлачки дијалекти
група на јужнословенските говори во Србија, Македонија, Бугарија и Косово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Торлачки дијалекти (Торлачки говори или Торлачко наречје) — јазичен поим кој се користи да се означат група на прелазни јужнословенски дијалекти.[1] Торлачките говори ги зафаќаат Јужна Србија и источни делови на Србија, крајаните западни делови на Бугарија, северозападни и североисточни делови на Македонија (тетовскиот, скопскоцрногорскиот, кумановскиот, кратовскиот и кривопаланечкиот говор), источните и јужните делови на Косово. Овие дијалекти ги зборуваат: Македонци во Македонија, Срби во Србија и Бугари во Бугарија и Србија.[2] Некои лингвисти сметаат дека во Романија овој дијалект го зборуваат Хрватите наречени Карашевци и во Косово Горанци. Во Косово, освен Срби, торлачки зборуваат и Бошњаци.
Remove ads
Класификација
Хрватските лигвисти (Брозовиќ, Лисац, Решетар) сметаат дека торлачки (шопски) дијалекти се посебно наречје и да не припаѓат на штокавско наречје.[3][4] Торлачки заедно со македонски и бугарски јазик припаѓаат на балканска словенска јазична заедница, која е дел на поширока балканска јазична заедница (романски, грчки, албански јазик).[5] Јапонскиот славист Мотоки Номачи вели дека е торлачкиот на многу начини е стран на српскиот стандарден јазик.[6]
Според УНЕСКО, торлачкиото наречје е загрозено и е класифицирано во групата на ранливи јазици.[7]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads