Мотоки Номачи

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мотоки Номачи
Remove ads

Мотоки Номачи (р. 1976 во Токио) — професор во Слaвjaнско-евроазискиот истражувачки центар на Универзитетот Хокаидо, Сапоро, Јапонија. Специјализиран е за словенска лингвистика и општа лингвистика и е експерт за словенски микројазици.[1]

Кратки факти Роден, Познат ...
Remove ads

Животопис

Образование

Дипломирал во 2000 година, магистрирал по словенски јазици и литератури во 2002 година и докторирал во 2008 година на Универзитетот во Токио. Во 2002–2003 година го продолжил своето образование и истражувал на Универзитетот во Белград во Србија.[2]

Во 2003-2005 година, проф. Номачи истражувал и предавал јапонски јазик и култура на Универзитетот во Варшава во Полска. На 1 мај 2008 година се вработил како вонреден професор на Славјанско-евроазискиот истражувачки центар. Од 2010 година, работи како генерален уредник на една од периодичните списанија на Acta Slavica Iaponica.[2]

Научен пристап и трудови

Тој ги анализирал граматичките структури во словенските јазици од аспект на јазичната типологија, јазичниот контакт (aреална лингвистика) и историската лингвистика. Неговата научна кариера ја започнал како специјалист по руски јазик, особено неговата синтакса. Тој е социолингвист и специјалилист за јазична политика, јазично планирање и лингвистички пејзаж. Конкретно е заинтересиран за таканаречените словенски литературни микројазици и досега вршел бројни теренски студии во повеќе градови во Европа и други области. Исто така, бил активен организатор на разни меѓународни конференции за словенска лингвистика кои биле и се одржуваат на повеќе универзитети.[2]

Како член на Словенско-евроазискиот истражувачки центар на Универзитет Хокаидо – Сапоро, Јапонија од големо значење е неговиот научен труд „Никита Илич Толстој“ издание на МАНУ (2023).[2]

Тој е автор на бројни публикации и научни трудови кои се однесуваат на лингустиката, а се објавени во бројни научни гласила во светот. Тоа придонесе тој да биде познат и почитуван македонист кој се интересира за македонскиот литературен јазик и за јазикот на Македонците од Егејска Македонија раселени по светот.[2]

Во Градскиот архив на Москва ја пронашол Граматиката на македонскиот јазик, напишана во 1946-47 година од рускиот професор Самуил Борисович Бернштејн, која никогаш не била објавена и се сметала за исчезната 70 години. Граматиката била нарачана од Президиумот на АСНОМ, но откако во 1947 година се влошиле советско-југословенските односи поради резолуцијата за Југославија на Информационото биро, подготвениот слог во печатницата бил растурен и оттогаш му се изгубила трагата на ракописот.[3]

Remove ads

Награди

Добитник е на наградите:

  • Japan Academy Academic Encouragement Prize[1][4]
  • Japan Society for the Promotion of Science Award[1][5]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads