Торнадо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Торнадо е наjсилна бура, карактеристична по свртувањата на облакот во облик на цилиндар. Зборот "торнадо" има потекло од шпанскиот и португалскиот глагол торнар, што значи "да се врти". Торнадата се формираат во бури ширум светот, најчесто крај брегот на средниот запад("Алеа на торнадата"), како и на југот. Според бројот на инцидентите, САД ги погодуваат ваквите бури почесто од било која друга земја. Торнадото настанува од различни физички процеси во атмосферата, а за настанување на торнада се потребни неколку услови: нестабилност на атмосферата, махнизам на подигање и влага во средниот и долниот дел на атмосферата. Во близина на земјата нестабилната воздушна маса е топла и влажна и релативно е поладна во горните делови на атмосферата. Топлите и влажните делови на воздухот се подигаат и се составуваат со ладните и сувите. Зголемувањето на влагата започнува со појако кондензирање во капки вода и тогаш енергијата (топлината) се отпушта во околниот воздух, што е доволно струењето кое се движи нагоре да продолжи да се искачува. Се ова се случува Градесто-дождов облак, најнестабилен и најопасен од сите 10 вида на облаци. Струењето на топлиот воздух во облакот се судира со останатите маси на ладен воздух и тогаш облакот почнува да покажува видлива ротација која поради силата на тежата се спушта до дното.
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |


Торнадото однесува сè пред себе, а зависно од бурите кои настануваат може да имаат незамислива јачина и да траат и до саат време. За тоа време може да уништи цел град.
Силата на торнадото се означува по две скали, и тоа по Фујитата скала и/или ТОРО скалата.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
