Милиметар на живиниот столб

From Wikipedia, the free encyclopedia

Милиметар на живиниот столб
Remove ads

Милиметар на живиниот столб (mmHg, ммжс) е единица за притисок со сооднос од 760 на 1 стандардна атмосфера, приближно еднаква на еден милиметар на жива во столбот на барометар.

Единицата е наречена и „тор“ (Torr) во чест на италијанскиот физичар Еванџелиста Торичели (1608-1647) кој ја открил законитоста на притисокот во тенок сад и го изумил барометарот (1644).[1]

Thumb
Милиметар на живиниот столб

Разлика во метрологијата

Имињата милиметар на живиниот столб и тор се сметаат за синонимни во сите полиња освен во метрологијата, која прави разлика помеѓу нивните вредности. Оваа разлика е помала од една седуммилионтина (0,000015%), што е многу мал износ, па затоа се смета за занемралива во сите полиња вон метрологијата.

Еден милиметар жива по дефиниција изнесува 133,322387415 Pa (13,5951 г/см3 × 9,80665 м/с2 × 1 мм ), земајќи ги предвид густината на живата и забрзувањето на Земјината тежа.

Торот се дефинира како 1760 од една атмосфера, додека пак атмосферата се дефинира како 101,325 kPa. Затоа, 1 тор е еднаков на 1101325 Pa. Децималниот облик на дропката (133,322368421...) е бесконечно долг (во периода).

Разликата помеѓу милиметарот на живиниот столб и торот е дадена со следниов однос:

  • 1 Torr = 0,999999857533699... mmHg
  • 1 mmHg = 1,000000142466321... Torr
Remove ads

Споредба

Повеќе информации паскал, бар ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads