Тојпиц

град во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia

Тојпицmap
Remove ads

Тојпиц (германски: Teupitz), долнолужички: Tupc) — мал град во округот Даме-Шпревалд, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Градот е административно седиште на општинската заедница Шенкенлендхен.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Тојпиц во рамките на округот Даме-Шпревалд ...
Remove ads

Географија

Градот се наоѓа на јужниот брег на Тојпицското Езеро, 29 километри северозападно од окружното седиште Либен и околу 45 километри јужно од Берлин. Градот се состои од местата Егсдорф, Нојендорф и Торнов.

Има пристап до автопатот 13, дел од европскиот коридор Е55, во близина на раскрсницата Тојпиц.

Историја

Тојпиц потекнува од средновековна словенска населба. Тврдината Тупч била првпат спомената во декрет од 1307 година, издаден од маркгрофот Хајнрих. Династијата Асканија ги добиле поседите на поранешната Лужичка марка од маркгрофот Дитрих.

Thumb
Замок Тојпиц, литографија од Александер Дункер (1813-1897)

Замокот, сместен полуостров, од 1330 служел како седиште на благородничкото семејство Шенк фон Ландсберг. Во 1411, Алберт Шенк фон Ландсберг, гроф на Тојпиц и Зајда во Саксо-Витенберг, служел како саксонски претставник на вториот избор на кралот Зигисмунд. Династијата блескала наредните четири века до нејзиното исчезнување во 1721, оставајќи го локалниот замок, како и две други резиденции. Исто така во 1437 изградиле готска парохиска црква, со што го издигнале Тојпиц на ниво на град.

Од 1717 остатоците на замокот биле припоени од Прусија и служел како седиште на локалната администрација до 1812, кога биле предаден како приватен дворец. Градското собрание било изградено во 1830. По објавувањето на патописот на Теодор Фонтане за областа во 1880, Тојпиц станал популарно одредиште на жителите од Берлин. Во 1910 пруската покраина Бранденбург отворила санаториум во градот, а во 1930 поранешниот замок бил повторно изграден во хотел, кој по Втората светска војна бил користен како рекреативен центар од Комунистичката партија на Источна Германија (SED).

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads