Јесен (Елстер)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јесен (Елстер)map
Remove ads

Јесен (германски: Jessen) — општина сместена на реката Шварце Елстер и се наоѓа во источниот дел на Саксонија-Анхалт во округот Витенберг.

Кратки факти Земја, Местоположба на град Јесен (Елстер) во рамките на округот Витенберг ...
Remove ads

Географија

Јесен е споена општини од следниве единици:

  • Арнсдорф
  • Батин
  • Бушкунсдорф
  • Диксферда
  • Дисниц
  • Гента
  • Гербисбах
  • Гликсбург
  • Горсдорф
  • Грабо
  • Гроскорга
  • Хемсендорф
  • Холцдорф
  • Јесен (Елстер)
  • Клајндребен
  • Клајнкорга
  • Клоса
  • Кремиц
  • Лајпа
  • Линда (Елстер)
  • Линдвердер
  • Литхензејда
  • Марк Цвушен
  • Маукен
  • Мелниц
  • Менхенхефе
  • Морксдорф
  • Мигелн
  • Наундорф бај Зејда
  • Нојерштат
  • Раде
  • Рехајн
  • Рајхо
  • Рулсдорф
  • Шадевалде
  • Шенајхо
  • Шицберг
  • Швајниц (Елстер)
  • Зејда
  • Штансдорф
  • Цвушен
Remove ads

Историја

Првиот документиран доказ за постоењето на Јесен потекнува од 1217. На ноќта 20 на 21 септември 1729, голем дел од градот бил уништен од оган. По многу вековното функционирање во рамките на Саксонија, Јесен станал дел од Прусија во 1816.

Во 1945, станал дел од покраината Саксонија-Анхалт. Во 1952, според административните реформи на Источна Германија, Јесен станал окружен главен град на регионот Котбус (Котбус сега е дел од Бранденбург). Во 1990, Јесен повторно станал дел од новоформираната покраина Саксонија-Анхалт. Во 1992, дошло до спојување на општините Грабо, Горсдорф-Хемсендорф, Линдвердер и Гроскорга, а во 1993 Швајниц, Гербишбах, Клоса, Шенајхо, Штајнсдорф и Диксферда. Со окружната реформа во 1994, Јесен станал дел од округот Витенберг, притоа добивајќи уште три општини кон него, Батин, Дисниц и Клајндребен-Маукен. Во 1999, дошло до уште спојувања: Арнсдорф, Лајпа и Рулсдорф со Рахајн. На 1 март 2004, уште 12, меѓу нив Зејда, Холцдорф и Линда (Елстер). Некои од овие порано независни општини се состоеле од повеќе населени места, па така денес Јесен има вкупно 47 Stadtteile (составни градски делови).

Remove ads

Економија и инфраструктура

Основаните бизниси главно се мали и средно во металопреработувачката, градежништво, преработка на млеко и производство на пијалаци. Исто така, има и поголеми претприемачи во земјоделството.

Култура и знаменитости

  • Историскиот плоштад во Јесен
  • Парохиската црква Свети Никола во Јесен
  • Замокот Јесен, од 1999 седиште на градскиот совет
  • Парохиската црква Света Марин во Швајниц
  • Amtshaus во Швајниц
  • Селската црква во Горсдорф
  • Селската црква во Клајндребен
  • Фериботот Преч-Маукен

Луѓе

  • Карл Лампрехт (25 февруари 1856 – 10 мај 1915 во Лајпциг), бил професор по историја на Универзитетот Лајпциг, кој денес е познат по неговата улога во Methodenstreit.

Факт

Градот е дванаесеттата најголема општина во Германија по површина, така за 3 км2 е поголема од Минхен.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads