Травеминде

From Wikipedia, the free encyclopedia

Травеминдеmap
Remove ads

Травеминде (германски: Travemünde) — градски дел и приморско одморалиште на Либек, Германија, сместен на устието на реката Траве во Либечкиот Залив. Бил основан како тврдина изградена од Хајнрих Лавот, војвода на Саксонија, во XII век, за да го штити устието на Траве, а подоцна Данците ја засилиле. Станал град во 1317 година, а во 1329 година припаднал како посед на Слободниот Град Либек, на кого и сега припаѓа. Неговите утврдувања биле урнати во 1807 година.

Thumb
Плажа на Травеминде, на која се наоѓаат традиционалните покриени плетени корпи (Strandkorb)
Thumb
Едрилицата „Пасат“ во Травеминде

Травеминде претставува приморско одморалиште од 1802 година и е најголемо фериботско пристаниште на Балтичкото Море во Германија со линии до Шведска, Финска, Русија, Латвија и Естонија. Светилникот е најстариот на германскиот балтички брег, кој потекнува од 1539 година. Друга знаменитост на Травеминде е едрилицата „Пасат“, музејски брод закотвен во устието на реката Траве.

Трката „Травеминдска недела“ (Travemünder Woche) — годишна едриличарски настан, кој се одржува во Травеминде. Покрај ова, местото е познато и по песочниот фестивал.

Remove ads

Литература

Приморското одморалиште од XIX век било доловено од Томас Ман во неговиот роман „Буденброкови“. Травеминде е опишан од Ман како место на слобода, среќа и — во случајот на Антони — љубов, во спротивност со проблемите од секојдневниот живот.

Галерија

Remove ads

Надворешни врски

53°58′N 10°52′E

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads