Трамвај

From Wikipedia, the free encyclopedia

Трамвај
Remove ads

Трамвај (од англиски: tram = вагон, вагонетка и way = пат, името доаѓа од вагонетките за превоз на јаглен во шахта во Велика Британија) — шинско сообраќајно средство, вид уличен јавен превоз, обично на електрична влечна сила се користи најчесто во градовите за превоз на патници во одреден правец.

Thumb
Трамвај 120N во полскиот главен град Варшава

Во Македонија моментално нема трамваи, иако има планови за воведување.

Remove ads

Историја

Трамваите почнале да функционираат во првата половина на XIX век, а електричните — на крајот на 19 век. Во периодот меѓу двете светски војни започнал нивниот пад, но од крајот на XX век се забележува значително зголемување на популарноста на трамваите. Во Сан Франциско, Калифорнија (САД) бил лансиран првиот кабелски трамвај во светот, во 1873 година.

Видови трамваи

Thumb
Трамвај во Касел

Повеќето трамваи користат електрична струја, добиваат преку контакт мрежа со помош на токоприемници (пантографи), но има и трамваи со напојување од трета шина, како и трамваи на батерии. Покрај електрични, има и трамваи влечени од коњ, кабелски трамваи и дизел-трамваи. Во минатото имало парни трамваи, како и трамваи влечени од мулиња и зебри.

Трамваите можат да се класифицираат исто како градски, меѓуградски, санитарни и товарни.

Remove ads

Трамвајот како мотив по уметноста

  • „Заскитаниот трамвај“ — песна на рускиот поет Николај Гумиљов.[1]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads