Јавен превоз

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јавен превоз
Remove ads

Јавен превозпревоз на патници достапен за пошироката јавност, наспроти приватните возила како што се лични или изнајмени автомобили. Во масовниот јавен превоз, возилата (возови, автобуси, тролејбуси, трамваи, метроа итн.) се направени да превезуваат голем број патници во исто време, и обично се движат по одредени маршрути (според распоредот или според побарувачката). Немасовниот јавен превоз вклучува и возила како таксија, рикши и слично, како и некои специјализирани превозни системи.[1][2]

Thumb
Јавен превоз во Скопје

Со ретки исклучоци, услугите за масовен јавен превоз се обезбедуваат со плаќање. Заеднички признак на сите видови масовен јавен превоз е фактот што корисниците користат возила што не им припаѓаат. Сепак, спротивното не е секогаш точно. Во категоријата масовен јавен превоз не спаѓаат училишни и сервисни автобуси, внатрешен превоз на претпријатија и организации, воени превози итн., бидејќи се недостапни за масовниот потрошувач. Лифтовите и ескалаторите во зградите и домовите обично не се определуваат како јавен превоз поради нивната тесна намена (превоз на луѓе во зграда).

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads