Трани
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Трани [ˈtraːni] — пристаништен град и општина на Јадранското Море, во регионот Апулија на југот на Италија. Градот во 2009 година станал еден од главните градови на новата покраина Барлета-Андрија-Трани. На почетокот на 2016 година во градот живееле 56,112 жители.
Remove ads
Знаменитости
Трани ги загубил своите градски ѕидини и бастиони, но тврдината која датира од 13. век била значително обновена како музеј и е отворена за јавноста. Некои од улиците во и околу гето областа останале исти такви какви што биле во средновековниот период, и голем дел од куќите имаат декорации од норманска архитектура.
Главна црква е градската катедрала, посветена на Свети Никола Поклоникот, грчки поклоник кој починал во Трани во 1094 година одејќи кон поклонението во Рим, и години подоцна бил канонизиран од Папата Урбан II. Таа се наоѓа на отворено издигнато место близу морето, и била осветена, пред нејзиното завршување, во 1143 година. Тоа е базилика со три апсиди, изградена од карактеристичен бел варовник. Таа исто така има голема крипта и висока кула, која била изградена во периодот 1230-1239 од архитект чие име се појавува на амвонот во катедралата во Битонто, Никола Сасердос. Под неа се наоѓа лак, поддржуван делумно од страничниот дел на црквата, и делумно од огромен столб. Лаковите од романските портали се прекрасно украсени, на начин кој сугерира на арапско влијание; бронзените врати, изработени од Барисанус од Трани во 1175 година, се вбројуваат меѓу најдобрите од овој период во Јужна Италија.[1] Капителите на столбовите во криптата се одлични примери на романска архитектура. Внатрешноста на архитектурата била нашироко модернизирана, но криптата останува слична на првичната и била познато складиште на мошти, меѓу кои и телото на маченичката Св. Февронија Нисибиска.
Remove ads
Значајни личности
- Џени Џорџ - австралиска политичарка
- Фридрих II - Цар на Светото Римско Царство
- Манфред Сицилијански - Крал на Сицилија и син на Фридрих II
- Џовани Бовио - филозоф и политичар
- Емилио Ковели - анархист и социјалист
- Лујџи Чиарели - драматург
- Вандиса Гвида - театарска и филмска глумица
- Доменико Саро - композитор
- Леоне ди Лернија - пејач
- Розалино Селамаре, познат како Рон - пејач
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads