Трансхуманизам

From Wikipedia, the free encyclopedia

Трансхуманизам
Remove ads

Трансхуманизам (од лат. trans - „низ, над, преку“ и homo — „човек“) — филозофска мисла, идеологија или глобално интелектуално и културно движење кое се залага за усовршувањето на човештвото преку подобрување на неговиот физички и ментален капацитет со помош на сите технолошки и научни достигнувања, односно за поништување на сето она што приврзаниците на ова движење го сметаат како непожелен и непотребен аспект од човековата сосотојба, како што се страдањето, болеста, стареењето, смрта и слично [1]. Трансхуманистичките мислители освен можностите, ги проучуваат и последиците од развојот на технологијата и подобрувањето на човекот, како и другите емергентни технологии кои можат да влијаат врз целта на оваа филозофска мисла [2]. Трансхуманизмот се означува со симболите H + или h + и најчесто се смета за синоним на подобрување на човекот.

Thumb
Логотип на трансхуманизмот

За првпат поимот „трансхуманизам“ бил воведен од страна на еден од првите професори по футурологија, Фереидоун М. Есфандиари (познат како FM-2030), во текот на своите предавање на темата "Нови концепти за човекот" низ универзитетите во Соединетите Американски Држави. Тој сметал дека трансхуманизмот е преоден стадиум во човековиот развој кој води до по-човештвото. Оваа хипотеза, претставувала основа британскиот филозоф Макс Мор, кој ги поставил принципите на трансхуманизмот како футуристичка филозофија и ја организирал интелигенција во Калифорнија во текот на 90-тите години на XX век, која прерасна во глобално трансхуманистичко движење [3][4].

Трансхуманистите предвидуваат дека луѓето еден ден ќе се трансформираат во суштества со моќни интелектуални и физички способности со што ќе дојде до промена во способноста за апстрактно мислење, системите за комуникација за самоизразување и интеракциј, интроспекцијата, решавањето на проблеми, размената на идеи, општествените структури составени од многу соработувачки и натпреварувачки групи, од семејства до нации. До промена ќе дојде и во социјалната интеракција меѓу луѓето како и во големиот број на вредности, општествени норми и ритули кои заедно ја создаваат основата на човечкото општество. Отука, човечките суштества ќе престанат да бидат луѓе и ќе се оформат во битија кои ќе го надминат денешното човештво во секој аспект. Овие човечки суштества со големи психофизчки способности во трансхуманистичката литература се именуваат како постлуѓе или полуѓе (на англиски: post-humans).

Трансхуманистичката идеја за човековата иднина привлекла многу следбеници и критичари со различни перспективи. Трансхуманизмот е дефиниран од Френсис Фукујама како "опасната идеја на светот" [5], а други заштитници, како Роналд Бејл го сметаат за "најхрабрата, дрска и идеалистичката надеж за иднината на човештвото" [6]

Remove ads

Извори

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads