Трат
вид габа From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Трат[3] или праун[4] (латински: Fomes fomentarius) — габа од семејството на базидиомицетите.


Тратот се развива на мртви или ослабени живи стебла на листопадни дрвја, особено често се среќава на бука. Телото му е конзолно со светлосива дебела и јака кора. Многу добро се прилепува на дрвото, па не е лесно да се отстрани. Во ширина достигнува до 50 cm, а во дебелина до 25 cm. Горната површина е концентрично брановидна, покриена со тврда кора до 2 mm, со кафеава боја. Долната површина (химениум) има сивобежова боја, мека е и потемнува на допир.[5] Спорите за расејување се овални, без израстоци.[6] Под кората има мрк дел кој посебно се подготвувал и порано бил користен за потпал со помош на искра настаната со удар на огнило во кремен.
Remove ads
Живеалиште
Паразитира на трули дрвја од бука, габер и топола, каде што може да има улога на разградувач.[6]
Потекло на името
Карл Лине прв ја проучувал.[6]
Зборот fomentarius доаѓа од зборот fomentum, што значи палење оган.[6]
Галерија
- напор од печурки
- напор од печурки
- напор од печурки
- напор од печурки
- напор од печурки
- напор од печурки
- напор од печурки
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads