Трајко Стевковски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Трајко Трајанов Стевковски ( 1918 во Сушица (Скопско) ― 16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Remove ads
Животопис
Израснат е во сиромашно семејство. Се занимавал со земјоделство. По ослободувањето на Македонија, на 10 ноември 1944 година, стапил во Третата македонска ударна бригада, со која заминал во борба за дефинитивно ликвидирање на заостанатите балистички банди. Потоа заминал за Срем, каде претходно во Земун завршил три месечна воена обука. На 12 април 1945 година учествувал во пробивот на германските утврдени позиции кај Шид - Товарник. Наредните три четири дни ја продолжил борбата против непријателот. На 16 април 1945 година, во една од најкрвавите борби за ослободување на Врпоље, тој загинал. Бил закопан во Врпоље, а по војната неговите посмртни останки биле пренесени и закопани во Сушица.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads