Трајче Иваноски

македонски театарски, филмски и телевизиски глумец From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Трајче Иваноски (р. Прилеп, 11 март 1945 - Прилеп, 19 декември 2021 ) - македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Од 1965 година сè до пензионирањето во 2007 година работел во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Тој и по пензионирањето продолжува да биде активен во театарот. Покрај неговиот матичен театар тој гостувал и во други театри во Македонскиот народен театар, Драмски театар - Скопје и Народен театар Битола.

Кратки факти Трајче Иваноски, Роден(а) ...
Remove ads

Филмографија

Иваноски има остварено бројни филмски улоги:[1]

Година Филм Улога
1971Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм
1975Волшебното самарче ТВ-серија
1977Итар Пејо ТВ-серија
1979Наши години ТВ-серијаЖелезничарот
1980Оловна бригада ТВ-филм
1982Едно лето ТВ-серијаЕкономот
1982Илинден ТВ-серија
1982Слана во цутот на бадемите ТВ-филм
1984Белото Циганче ТВ-серија
1984Јуначко колено ТВ-серија
1985Трговецот од Солун ТВ-филм
1986Солунски патрдии ТВ-серијаАџи Јанкула
1988Втора смена ТВ-серија
1989Собирен центар ТВ-филм
1989-1991Еурека ТВ-серија
1992Чудовиштата во нашиот град ТВ-филм
1993Бог да ги убие шпионите ТВ-филмЗатвореник
1994Прекалени ТВ-серијаДедото Марко
1995Во светот на бајките ТВ-серија
2001Прашина ТВ-филмОвчар
2003Лото, лото ТВ-серија
2004Неверство во зимска ноќ ТВ-филм
2006Тајната книга ТВ-филмПрв гостин
2007-2009Збогум Румелија ТВ-серија
2008Куќен совет ТВ-серија
2010Царската е последна ТВ-филм
2012-2014Тврдокорни ТВ-серијаМајстор Јонче
2013-2014Авантурите на Итар Пејо ТВ-серијаКметот
2014Македонски народни приказни ТВ-серија
2015Три во едно ТВ-филм
2015Последниот Македонец ТВ-филмТаткото
Remove ads

Награди

  • Прва награда на театарскиот Фестивал „Војдан Чернодрински“ за млад глумец во улогата на Златан во претставата „Робот и Агата“.
  • Награда за најдобра машка главна улога за ликот на Горчин во претставата „Скок преку кожа“ во режија на Бранко Гапо на Фестивал „Војдан Чернодрински“.
  • Во 2003 година на меѓународниот Фестивал на комедија во Корча, Албанија, ја добил главната награда за најдобро глумечко остварување за улогата на професор Павлович во претставата „Собирен Центар“.
  • Во 2011 година ја добиваа наградата за животно дело на фестивалот „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.
  • Добитник е и на наградата „3 Ноември“ што ја доделува Собранието на Општина Прилеп.
  • Награда за главна машка улога за ликот Протасов во претставата „Деца на сонцето“ во режија на Илија Милчин.
  • Во 2016 година повторно на Фестивалот „Корча“ добил награда за монодрамата „Јас Илија Шаторот“.
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads