Илија Милчин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Илија Милчин (роден на 19 јуни 1918 во Прилеп - починал на 11 март 2002 во Скопје) — македонски глумец, режисер, јазичар и преведувач, почесен член на ДПМ.
Remove ads
Животопис
Милчин е роден во Прилеп во 1918 година. Завршил право на Софискиот универзитет во 1942 година. Во периодот од 1944 до 1947 година работел како драматург, а потоа како глумец и режисер во Македонскиот народен театар во Скопје. Бил уметнички раководител и режисер на Обласниот македонски народен театар во Горна Џумаја, Пиринскиот дел на Македонија (1947-1948).
Од 1965 до 1968 година бил директор на Драмата на Македонскиот народен театар во Скопје. Неговиот преведувачки опус опфаќа голем број значајни дела од руски, хрватски, бугарски и француски автори. Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Јован Стерија Поповиќ“, „13 Ноември“, „Војдан Чернодрински“.
Негов син е режисерот Владимир Милчин.
Remove ads
Филмографија
Милчин има остварено бројни филмски улоги:[1]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads