Трбач
село во Голо Брдо, Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Трбач или Торбач (албански: Tërbaç или Tërbaçi) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци-муслимани.[1]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо, на 1,6 км западно државната граница со Македонија, каде од другата страна се браната на Дебарското Езеро и реката Црн Дрим. На извесно растојание на северозапад е селото Голејца.
Историја
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Торбаче (Torbatché) е село со 30 домаќинства сочинети од 68 жители муслимани, кои изворот погрешно ги наведува како „Албанци“.[2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Торбачи живеат 130 души Македонци-муслимани[3].[4]
По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија.
Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Торбач се води како село од 25 куќи, сите Македонци-муслимани.[3][5]
Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Острени.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads