Требижат (река)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Требижат (река)
Remove ads

Требижатрека во Херцеговина, најголема десна притока на Неретва.

Кратки факти Требижат, Местоположба ...

Извори

Извира во облик на снажен варовнички вруток, кој е продолжение на текот на понорницата Врлика од Имотско Поле, во една пештера под планината Јагодница на крајот на Имотско Поле.

Текот на реката

До селото Клобук на почетокот на Љубушко Поле, реката тече по име Тихалина со корито всечено во варовнк. Со влезот во Љубушкото Поле тече под името Млада во плитко корито кое е делумно регулирано. На излезот од Љубушко Поле го добива името Требижат и тече во длабоко коритово варовничкото тло. Тука прави водопад Кравица кој е висок 25 м. Во својот долен тек Требижат тече низ рамница, правејќи меандри и се влева во Неретва кај селото Струга нешто појужно од Чаплина. Требожат е долга 51,3 км, а сливот има површина од 646 км2.

Remove ads

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads