Тресино

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тресиноmap
Remove ads

Тресино (грчки: Όρμα, Орма; до 1925 г. Τρέσινο, Тресино[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 532 жител (2021), сочинето целосно од Македонци.[3]

Кратки факти Тресино Όρμα, Земја ...
Remove ads

Географија

Тресино е сместено во западниот дел на котлината Меглен, во подножјеѕо на планината Мала Ниџе. Крај него минува реката Белица.[4]

Историја

Антика

На ова подрачје некогаш се наоѓал градот Орма или Орми, кој се спомнува од многу антички автори. Имајќи го тоа на ум, властите во 1925 г. го преименувале селото во ова име како наводно нивно, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.[4]

Потекло на името

За потеклото на името Тресино постојат три верзии. Според една, тоа доаѓа три сина, кои биле тројцата браќа кои според легендата го основале селото. Другата верзија вели дека името доаѓа од три села, а според трета — од треска.[4]

Во Отоманското Царство

Во дадено време еден дел од жителите на Тресино го прифатиле исламот за да ја обезбедат својата лична и имотна сигурност. Во XIX век Тресино било село во Воденската каза како чифлик во сопственост на бегот на Бизово.[4] Хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ погрешно напишал дека кон крајот на XIX век Тресино (Тресина) било македонско муслиманско село со население од 171 жител од 47 домаќинства.[5][6] Ова е грешка на Верковиќ, бидејќи очигледно ги изоставил многубројните христијански семејства.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тресино (Tressino) било село во Воденската каза со 100 куќи на 350 жители Македонци-христијани и 136 Македонци-муслимани.[7][8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Тресино било чисто македонско село со 680 жители, од кои 430 биле христијани, а 250 биле муслимани.[7][9]

Цариградскиот деец Христо Силјанов забележал дека по Илинденското востание во 1904 целото христијанско население на Тресино потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[10] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Тресино (Tressino) имало 800 Македонци под егзархијата.[7][11] Во 1909 г. бугарска пропаганда дополнително се засилила со отворањето на бугарско училиште.[12]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 1.182 жители, кои во 1920 г. биле 1166.[3] Во 1920-тите муслиманското македонско население на Тресино е иселено во селото Оџаклар (порано Гонија) кај Ердек во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти од Источна Тракија, Мала Азија и Понд. На пописот од 1928 г. селото било етнички мешано, со 1.172 жители , од кои само 171 жител (49 семејства) биле грчки доселеници, а сите останати биле Македонци.[13]

Во 1940 г. Тресино имало 1.534 жители, од кои 1.316 Македонци и 218 грчки доселеници.[3] Селото настрадало во Граѓанската војна кога властите преслиле дел од населението во полските села, а извесен дел пребегал во Р Македонија и источноевропските земји. По војната, дел од населението преселено од властите се повратило и го обновило селото, кое во 1951 г. се свело на 457 жители.[3] Почнувајќи од 1950-тите населението приметно се накачило и останува такво ии понатаму.

Денес Тресино е наполно македонско село, што значи дека малобројните грчки дојденци во меѓувреме целосно се претопиле во Македонците, или пак го напуштиле. Според истражување од 1993 г. селото е чисто „словенојазично“ (т.е. македонско) и во него македонскиот јазик е зачуван на средно ниво.[14]

Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Населението одгледува кокар (арпаџик), индустриски пиперки, овошје и друго, а делумно е застапено и сточарството.[3]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads