Трета македонска фудбалска лига

фудбалска лига From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Третата македонска фудбалска лига - третата најсилна професионална фудбалска лига во Република Македонија.

Кратки факти Спорт, Основана ...

Формат

Лигата е поделена на шест региони: Трета лига — Север, Трета лига — Центар, Трета лига — Исток, Трета лига — Југоисток, Трета лига — Запад и Трета лига — Југозапад. На крајот на сезоната, шесте победници на регионите обезбедуваат пласман во Втората лига. Последните пласирани две или една екипа од секој регион се селат во Општинските лиги. Бројката на отпаднати третолигаши по регион зависи од второлигашките екипи во кои региони отпаѓаат тие за следната сезона.

Remove ads

Прваци

Легенда

Е Клубот бил унапреден во единствената Втора лига
З Клубот бил унапреден во Втората лига Запад
И Клубот бил унапреден во Втората лига Исток

1992–2000

Повеќе информации Сезона, Север и Полог ...
  1. Од 1992 до 1994 регионот Пелагонија бил именуван како Запад.

2000–2004

Повеќе информации Сезона, Север ...

2004–2017

Повеќе информации Сезона, Север ...

2017–2020

Повеќе информации Сезона, Север ...

2020–

Повеќе информации Сезона, Север ...

Белешки

1. a : Локомотива била унапредена по победата во дополнителниот бараж натпревар против Кораби бидејќи Втората лига била проширена по хаосот со баражите.[62]
2. a : Горно Лисиче како победник во Север - група А, победила во баражот за унапредување против Раштак кој бил од Север - група Б.
3. a : Треска како победник во групата А, победила во баражот за унапредување против Маџари Солидарност кој бил од групата Б.[63]
4. a : Шкупи го изгубил баражот за унапредување, но поради преземањето на Корзо, името на клубот било сменето во Шкупи 1927.
5. a : Влазрими го изгубила баражот за унапредување, но поради преземањето на Врапчиште (тогашен учесник во Втората лига), клубот на полусезона добил ново име - Влазрими 77.
6. a : Новаци 2005 го загубил баражот за унапредување, но поради повлекувањето на Младост од Втората лига, клубот бил унапреден.[64]
7. a :Дојранско Езеро го откажал учеството во Втората лига - Исток за следната сезона.[65][66]
8. a : Поради ширењето на заразата COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Фудбалската федерација на Македонија на 12 март 2020 одлучила, поради безбедноста на фудбалските работници, привремено да ја суспендира Третата лига и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата.[67] Прваци не биле прогласени, а на 2 јули 2020 година, било одлучено моменталните екипи на првите места да играат бараж за унапредување помеѓу себе.[68][69]
8. a : Поради укинувањето на повеќето источни општински фудбалски сојузи,[70][71] била суспендирана Третата лига - Исток. Нејзините екипи учесници се приклучиле во југоисточниот фудбалски регион.
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads