ФК Ренова

From Wikipedia, the free encyclopedia

ФК Ренова
Remove ads

ФК Реновафудбалски клуб од Џепчиште, Тетовско, Македонија, кој моментално игра во Првата македонска фудбалска лига. Своите натпревари ги игра на Градскиот стадион во Тетово.

Кратки факти Прекар(и), Основан ...
Remove ads

Историја

ФК Ренова е основан во 2003 година, но потекнува од фудбалската школа која е формирана во 2000 година под името Шкумбини. Екипата на Шкумбини се преименува во ФК Ренова и екипата во натпреварувачката сезона 2003/04 се натпреварува со новото име. ФК Ренова станува организирана екипа и како резултат на ова го освојува првото место во третата лига. За да се пласира во втората лига, Ренова игра бараж натпревар против Вардар од Неготино, во кој победува после изведувањето пенали. Во натпреварувачката сезона 2004/05, Ренова продолжува во втората лига, а влегува во првата по пласманот на второто место. Во сезоната 2009/10 Ренова го постигнала својот најголем успех во историјата на клубот, освојувајќи ја Македонската фудбалска лига. Во сезоната 2011/12 Ренова го освоила Македонскиот Куп победувајќи го Работнички во финалето со 3-1.

Remove ads

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads