Третјаковска галерија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Третјаковска галерија
Remove ads

Државна Третјаковска галерија (рус. Государственная Третьяковская Галерея, ГТГ) — ликовен музеј во Москва, Русија, е најзначајната ризница на руска фина уметност во светот.

Кратки факти Основан, Место ...

Историјата галеријата започнува во 1856 кога московскиот трговец Павел Михајлович Третјаков (1832-98) набавил дела од руски уметници во неговото време со цел за создавање на збирка, која подоцна би прераснала во музеј на национална уметност [1]. Во 1892, Третјаков ѝ ја подарил неговата веќе прочуена збирка на руската нација.

Фасадата на објектот е дело на сликарот Виктор Васнецов во необичен стил на руските сказни. Изграден е во периодот 1902-04 јужно од Московскиот кремљ. За време на XX век, галеријата се проширила во неколку соседни згради, меѓу кои и црквата Св. Никола во Толмачи (XVII век).

Збирката содржи повеќе од 130.000 поставки, од „Владимирската Богородица“ и „Троица“ од Андреј Рубљов, па сѐ до монументалната Композиција VII од Василиј Кандински и Црн квадрат од Казимир Малевич. Во 1977 галеријата држела голем дел од збирката збирката на Георгиј Костаки.

Remove ads

Галерија на современа уметност

Thumb
Новата Третјаковска галерија на Кримскиот вал

Во 1985, Третјаковската галерија административно се спола со галерија на современа уметност, сместена во голема современа зграда долж Градинскиот прстен, веднаш јужно од Кримскиот мост [http:https://geohack.toolforge.org/geohack.php?pagename=%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%98%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%B3%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0&params=55_44_03_N_37_36_21_E_region:RU_type:landmark 55°44′03″N, 37°36′21″E] . На теренот на оваа гранка на музејот се наоѓа збирка на соцреалистичка склуптури, во која спаѓаат и маркантни дела како легендарната статуа на „Железниот Феликс“ (Феликс Ѓержински) од Евгениј Вучетич (која била преместена од Лубјанскиот плоштад во 1991), статуата „Ковај!“ со работник како кова меч, и споменикот „Млада Русија“. Близу се наоѓа и 86-метарската статуа на Петар Велики од Зураб Церетели, една од највисоките статуи на светот.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads