Тристан да Куња
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тристан да Куња (англиски: Tristan da Cunha, португалски: Tristão da Cunha) — група од острови во јужниот дел на Атлантикот, 2816 километри од Јужна Африка и 3360 километри од Јужна Америка. Административно, острвите се дел од британските прекоморски територии Света Елена, Вознесение и Тристан да Куња.
Територијата се состои од главниот остров Тристан да Куња, со површина од 98 км2, како и од неколку ненаселени острови како што се Непристапниот Остров (10 км2) и Славеевите Острови (1,8 км2). На оваа територија припаѓа и островот Гоф (91 км2), 395 километри југоисточно од Тристан) на кое е поставена метеоролошка станица.
Remove ads
Историја
Островот првпат бил откриен од страна на португалскиот морепловец Тристан да Куња во 1506 година. Главиот остров го именувал според своето име(португалски: Ilha de Tristão da Cunha).
Во 1815 година Обединетото Кралство ги припоило овие острови и со нив владеело преку колонијата ’Рт на Добра Надеж во Јужна Африка. Од 1938 година, островите се придружни територии на Света Елена а од 2009 година е дел од прекуморската територија Света Елена, Вознесение и Тристан да Куња.
Вулканската ерупција во 1961 година го натерала скоро целото население на евакуација во Англија, во воената база близу Саутхемптон. Поголемиот дел од жителите се вратиле на островот во 1963 година.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads