Трновац
село во Општина Кратово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Трновац — село во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.
Remove ads
Географија и местоположба
Историја
Во XIX век селото било дел од Кратовската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Трновац живееле 550 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Трновац имало 600 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[4]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 330 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 224 жители, од кои 194 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 28 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
Трновац е македонско село.
Според истражувањата од 1975 година, родови во селото
- Со непознато потекло: Пингеровци (8 к.), Орашани (7 к.), Чакинци (6 к.), Самониковци (6 к.), Коларци (6 к.), Карпузовци (6 к.), Давидковци (6 к.), Павлинци (5 к.), Смокварци (5 к.), Левковци (5 к.), Златановци (5 к.), Колокоњци (5 к.), Зинговци (4 к.), Бучкинци (4 к.), Калевци (4 к.) и Буканци (2 к.).[11]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
- Андон Младеновски (1912-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Душко Младеновски (1922-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Љубисав Иванов - Ѕинго (р. 1936) - македонски политичар
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads