Трновски манастир (Мариово)
манастир во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Трновски манастир — манастир во јужниот дел на Македонија, на северозападните падини на планината Ниџе, во близина на селото Будимирци, на местото на некогашното село Трново.
За други истоимени места, погледајте Трновски манастир.
Remove ads
Градби
Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конак, чешма и помошни објекти.
Конак
Манастирскиот конак содржи пет соби за спиење, кујна и трпезарија за пречек на гости. Снабдувањето со електрична енергија се врши од агрегат.[1] Со конакот стопанисува здружението „Трновчица - Будимирци“.[2]
Црква „Свети Димитриј“
Црквата била изградена во 1860, но била разрушена во 1918, па била обновена во 2000 година.[2] Градбата на црквата е мала еднокорабна со влез на западната страна и вдлабнат крст над влезната врата.[1]
Remove ads
Галерија
- Манастирската црква
- Конакот
- Чешма во близина на манастирот
- Помошен објект
- Градба во дворот на манастирот
- Дворот на манастирот
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads