Црква „Св. Димитриј“ - Будимирци

манастирска црква на Трновскиот манастир From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Димитриј“ - Будимирциmap
Remove ads

Свети Димитриј – манастирска црква на Трновскиот манастир, Македонија.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Црквата била изградена во 1860 година, но била разрушена во 1918 година, па била обновена во 2000 година.[1]

Во внатрешноста на црквата се наоѓа фотографија на Стојанка Ајдерова, која била иницијатор за изградба на црквата.

Архитектура

Градбата на црквата е мала еднокорабна со четириаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Влезот е сместен на западната страна, а непосредно над влезната врата има вдлабнат крст.[2] Над крстот има ниша во којашто се наоѓаат две помали икони во лоша состојба, од кои на едната е насликан Свети Димитриј како јава коњ, а на другата е прикажана Богородица со Исус. Црквата е еднокорабна. Внатрешноста на црквата не е зографисана, но изобилува со бројни икони и слики закачени по ѕидовите. Иконостасот содржи два реда со икони над ѓаконовите порти и царските двери.

Камбанаријата на црквата е со квадратна основа и се состои од два дела. Долниот дел има нешто поголема основа и на неговата јужна страна е сместен влезот. Горниот дел е подолг и во висина на ѕвоното има по една отворена монофора на секоја страна.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads