Тромбоцитопенија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тромбоцитопенија е болест на крвните плочки (тромбоцитите), односно нивното намалување. Кога се намалени на помалку од 60 милиони на mm³ се појавува неконтролирано крварење низ телото што се појавува како подливи (црвени и модри точки и поголеми флеки под кожата), но многу често се јавува и крварење низ изметот, мокрачата или носот и многу тешко може да се сопре.

Типичен симптом за тромбоцитопенијата е кога некоја личност ќе се пресече или издраска а крвта не сака да запре, и раната стои за долго време.
Remove ads
Причина
Тромбоцитопенијата може да биде наследена или стекната.[1]
Намалено создавање
Абнормално ниска продукција на тромбоцити може да биде предизвикана од:[2]
- Дехидратација, Дефициенција на витамин B12 или фолна киселина
- Леукемија или миелодиспластичен синдром или апластична анемија
- Намалено создавање на тромбопоетин од страна на црниот дроб при црнодробна слабост
- Сепса, системска вирусна или бактериска инфекција
- Лептоспироза
- Наследни синдроми
Зголемена разградба

Зголемена разградба на тромбоцити може да настане при разни имунолошки и неимунолошки состојби, вклучувајќи:[3]
- Имуна тромбоцитопенична пурпура
- Тромботична тромбоцитопенична пурпура
- Хемолитично-уремичен синдром
- Дисеминирана интраваскуларна коагулација
- Пароксизмална ноќна хемоглобинурија
- Антифосфолипиден синдром
- Системски лупус еритематозус
- Пост-трансфузиона пурпура
- Неонатална алоимуна тромбоцитопенија
- Хиперспленизам
- Денга треска
- Гошеова болест
- Зика вирус
Лек-индуцирана
Следниве лекови може да индуцираат тромбоцитопенија преку директна миелосупресија.[4]
- Валпроична киселина
- Метотрексат
- Карбоплатин
- Интерферон
- Изотретиноин
- Панабиностат
- H2 блокатори и инхибитори на протонската пумпа
Други причинители
- Каснување од змија[5]
- Токсичност на ниацин[6]
- Лајмска болест[7]
- Тромбоцитафереза
![]() | Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads