Фолна киселина
хемиско соединение From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Фолна киселина (позната и како витамин Б9[3] или фолацин) и фолатот (природната форма), како и птероил-L-глутаминската киселина и птероил-L-глутаматот се форми на водорастворливиот витамин Б9. Овој витамин е есенцијална хранлива состојка и е важен за многу процеси, како биосинтеза на нуклеотиди и реметилација на хомоцистеин. Тој е особено важен во периодите на брза делба на клетките и раст. На возрасните и децата им е потребен овој витамин за создавање на здрави еритроцити и за спречување на анемија.[4] Името доаѓа од латинскиот збор folium што значи лист.
Недостигот на фолна киселина доведува до фолатна дефициенција.
Remove ads
Дејство врз организмот
Фолната киселина помага при делбата на клетките. Неопходна е за образување на плацентата и за изградбата на коскената срж на ембрионот. Најдобар извор на овој витамин се непреработените зеленчуци - салатите, спанаќот, гравот, магдоносот, брокулите, како и лебот. Фолната киселина ја има во црниот дроб, меките сирења, агрумите, овесните зрна и пченичниот зародиш.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads