Трстија
село во Општина Виница From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Трстија — село во Општина Виница, во областа Пијанец, во околината на градот Виница.
Remove ads
Географија
Трстија се наоѓа на западните падини на планината Голак, во крајниот северен дел на територијата на Општина Виница и неговиот атар се граничи со Општина Делчево.
Население
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 65 жители, од кои 63 Македонци и 2 лица без податоци.[2]
Самоуправа и политика
Селото влегува во составот на Општина Виница, во крајниот северозапад на атарот на соседното село Трсино.
Според административната поделба на Македонија низ историјата, Трстија не се наведува како одделно село и истото се смета за маало на Трсино.[а] Сепак, во поново време местото се среќава како одделно село.
Населбата официјално била прогласена за село во 2014 година.[3][4]
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0328 според Државната изборна комисија, кое е сместено во просториите на деловен објект.[5]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 90 гласачи.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 88 гласачи.[7]
Галерија
- Куќи во селото
- Селото со околината
Белешки
- а Според административната поделба на Македонија во периодот 1996-2004 година, селото не се среќава како одделно, туку како маало во состав на селото Трсино, така што со пописот спроведен во 2002 година не се објавени податоци за бројот на жители во селото.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads