Трсино
село во Општина Виница From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Трсино — село во Општина Виница, во областа Пијанец, во околината на градот Виница.
Remove ads
Географија и местоположба
Трсино се наоѓа на западните падини на планината Голак, во крајниот северен дел на територијата на Општина Виница и неговиот атар се граничи со Општина Делчево. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 740 м. Атарот на селото зафаќа површина од 35 км2. Од Виница е оддалечено околу 20 км.[2]
Историја
Во XIX век, Трсино било мешано село на Македонци и Турци, сместено во Кочанската каза на Отоманското Царство.
Во Првата балканска војна, од селото имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.[3]
По Втората балканска војна, селото паднало под српска власт.
Стопанство
Селото има мешовита земјоделска фумкција. Од вкупната земјоделска површина во атарот на селото, шумите зафаќаат површина од 1.384 ха, пасиштата површина од 1.301 ха, а на обработливо земјиште отпаѓаат 756 ха.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Трсино имало 660 жители, од кои 150 Македонци христијани, 500 Турци и 10 Роми.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 160 жители Македонци.[5] Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во Трсино живееле 300 Турци и 239 Македонци.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Турци и 250 Македонци.[7]
Според пописот од 2002 година, во селото Трсино живееле 730 жители, од кои 723 Македонци и 7 Турци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 444 жители, од кои 402 Македонци, 2 Турци, 3 останати и 37 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Трсино:[10]
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.
Родови
Трсино е македонско-турско село.
Според истражувањата од 1959 година, родови во селото се:
- Турски: Риза (1 к.), Џемо (1 к.), Зија (1 к.), Јусеин (1 к.), Јусни (1 к.), Амдија (1 к.), Шефкија (1 к.), Реџеп (1 к.) и Есад (1 к.) стари доселенички родови. Имало и многу иселени турски родови. И набројаните родови биле големи но се смалиле поради иселување.
- Македонски:
- Славчовци (13 к.) доселени се на почетокот од XIX век. Доселени се од селото Робово кај Пехчево. Го знаат следното родословие:. Петре (жив на 68 г. во 1959 година) Јован-Пецо-Андон-Славчо, кој се доселил. Славчо имал три синови. Андон, Цоне и Лесо.
- Максимовци (13 к.) доселени се од селото Криволак во Тиквеш. Од Криволак се иселиле тројца браќа. Максим дошол во Трсино, вториот брат во Драгобраште, а третиот во Крушево. Го знаат следното родословие:. Гафе (жив на 60 г. во 1959 година) Гоше-Стојан-Максим, кој се доселил во селото.
- Карганџии (6 к.), Ратковци (6 к.), Заврци (6 к.), Мицовци (5 к.), Шугљевци или Скакарци (5 к.), Стамболисци (3 к.) и Самарџици (3 к.) доселени се од Витанска Маала.
- Андоновци (3 к.), Цоневци (2 к.) и Максимовци (1 к.) гранка се од родот Максимовци.
- Даскалци (3 к.) доселени се од маалото Цинцарите.
- Лесовци (4 к.), Петревци (3 к.), Беловци (2 к.), Трајановци (2 к.), Шанќевци (1 к.) и Кучковци (1 к.) доселени се од селото Грљани.
- Бумбарци (2 к.), Петринци (1 к.), Присади (1 к.) и Коларци (1 к.) доселени се од селото Бигла кај Делчево.
- Витларци (2 к.) доселени се од селото Калиманци.
- Чучунци (1 к.) доселени се од селото Разловци кај Делчево.[11]
Remove ads
Општествени установи
Во селото има основно училиште до четврто одделение, амбуланта и продавница.[2]
Самоуправа и политика
Селото влегува во составот на Општина Виница од 1955 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Грпани во склоп на Кочанската околија.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0327 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[12]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 475 гласачи.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 462 гласачи.[14]
Remove ads
Личности
Личности родени во Тресино:
- Крстана Миланова (Ангелова) Велинова — учесник во НОВ на Македонија
Културни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта
- Дебоки Дол — населба од доцноантичко време
- Манастирски Дол — населба од доцноантичко време
- Почивало — некропола од доцноантичко време
- Прибен — населба од доцноантичко време
- Трсино — населба и некрополи од римско време
- Црквиште — средновековна црква
- Цркви
- Црква „Св. Троица“ — главна селска црква
- Црква „Св. Троица“ — црква на врвот Чавка. Црквата е делчевска, но атарот на кој се наоѓа е на Трсино;[15]
Remove ads
Галерија
- Пат кон селото кој води од Трстија
- Основното училиште во селото
Иселеништво
До 1959 година 100 турски семејства се иселиле во Турција. Во Блатец има иселено неколку македонски семејства.[11]
Поврзано
- Трсинска Река
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads