Труење со јаглерод моноксид

From Wikipedia, the free encyclopedia

Труење со јаглерод моноксид
Remove ads

Труење со јаглерод моноксид вообичаено се случува поради вдишување на поголемо количество на јаглерод моноксид (CO).[3] Симптомите често се опишуваат како „слични на грип“ и вообичаено вклучуваат главоболка, вртоглавица, слабост, повраќање, градна болка, и конфузија.[1] Изложеност на поголеми количини може да резултира со губиток на свест, аритмија, напади, и смрт.[1][2] Класично опишуваната „црвена како цреша кожа“ ретко се случува.[2] Долготрајните компликации вклучуваат чувство на замор, проблеми со меморијата и движењето.[4] Кај лица изложени на чад, предвид треба да се земе труење со цијанид.[2]

Кратки факти Труење со јаглерод моноксид, Специјалност ...

Труење со јаглерод моноксид може да настане случајно или како обид за самоубиство.[5] CO е гас без боја и мирис, кој првично не предизвикува иритација.[4] Се создава при нецелосно согорување на органската материја.[4]

Remove ads

Знаци и симптоми

Јаглерод моноксидот не е токсичен за сите форми на живот. Неговите штетни ефекти се должат на врзувањето со хемоглобинот, па неговата токсичност кај организми кај кои не е присутен хемоглобинот е нејасна. На тој начин нема влијание врз растенијата кои вршат фотосинтеза.[6] Лесно се апсорбира од белите дробови.[7] Вдишување на гасот може да доведе до хипоксична повреда, оштетување на нервниот систем, па дури и смрт. Различни луѓе и популации можат да имаат различни нивоа на толеранција на јаглерод моноксид.[8] Во просек, изложеноста на 100 ppm или повеќе е опасна по здравјето на луѓето.[9]

Повеќе информации Концентрација, Симптоми ...

Акутно труење

Thumb
Симптоми на труење со CO

Главни манифестации на труење со јаглерод моноксид се јавуваат во органските системи кои најмногу зависат од кислородот, централниот нервен систем и срцето.[12] Првични симптоми се главоболка, наузеа, малаксаност и замор.[13]

Хронично труење

Хроничната изложеност на релативно ниски нивоа на јаглерод моноксид може да предизвика постојана главоболка, замаеност, депресија, конфузија, губиток на меморија, гадење, нарушување на слухот и повраќање.[14][15] Не е познато дали хроничната изложеност на ниски нивоа може да предизвика трајно невролошко оштетување.[16] Вообичаено, по прекинување на изложеноста на јаглерод моноксид, симптомите исчезнуваат, освен доколку нема епизода на сериозно акутно труење.[14]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads