Туминец
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Туминец (албански: Kallamas, но офиц. Tuminec) — село во географската област Мала Преспа, Општина Пустец од Област Горица, Албанија. Проценувано е дека селото имало 950-1000 жители во 2007 година,[1] што претставува значителен пораст од заведените 658 жители во 2000 година.

Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на падините на Пречна Планина, на брегот на Преспанското Езеро, а на северниот брег на заливот Завир. Сместено е недалеку од граничниот премин „Стење-Горица“, иако најблиското село во Македонија е Коњско, со кое го дели истиот полуостров. Туминец е второ село по големина во Мала Преспа со околу 800 жители.
Историја
Ова е релативно ново село. Порано имало друго, Старо Село, што се наоѓало јужно од сегашното, но поради надоаѓањето на водата, селото било потопено. Уште понајуг се наоѓа манастирот „Св. Марена“ — единствена црква посветена на оваа светица. Жителите на ова село се староседелци, и сите се Македонци со православна вероисповед.
Некаде по Втората светска војна, селото е преименувано во Безмиште (Bezmisht). Во 1970 година, му било дадено ново албанско име Каламас (Kallamas), изведено од поимот „kallam“ што значи трска[2]. Во 2013 година, му било вратено изворното име Туминец (Tuminec) со службениот повраток на топонимијата во Општина Пустец.[3]
Remove ads
Економија
Населението од Туминец се занимава со риболов, сточарство, земјоделство, лозарство и правење ќумур.
Демографија
Населението брои 800 жители. Жителите на ова село се староседелци и сите се Македонци со православна вероисповед.
Родови
Во селото живеат православни Македонци од следните родови:
|
|
Општествени установи
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads