Коњско (Ресенско)
село во Општина Ресен From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Коњско (според мештаните Конско) — село во Општина Ресен, Преспанско, крај границата со Албанија Името на селото потекнува од грчки збор conis што значи товарење, бидејки во минатото се правел транспорт на дрвја од пречна планина, до селата од источниот брег.
Remove ads
Географија и местоположба
Коњско е село во Горна Преспа. Сместено е на брегот на полуостров на Преспанското Езеро. Од градот Ресен е оддалечено 32 километри. Соседни села се Стење на северозапад и Туминец (Општина Пустец) на југозапад. Селото е познато по правење на посебен вид на сушена риба (циронка).
Историја
Во XIX век селото било дел од нахијата Долна Преспа на Битолската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Во минатото лугето се занимавале со риболов, лозарство и овоштарството. Се правела размена на дрва за огрев со прехрамбени продукти.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Коњско живееле 60 жители, сите Македонци.[2] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Коњско имало 16 Македонци, патријаршисти.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[4]
Според пописot на населението на Македонија од 2002 година, селото има само 3 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, од кои 11 Македонци и 2 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
Коњско е македонско село.
Родови во селото се: Ѓоргијовци, Петревци и Тасевци.[11]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
- Доселеници: Ивановци со Секуловци, Ѓоргијовци и Тасевци (14 к.) доселени се некогаш од селото П’пли во егејскиот дел од Преспа. Овде се доселил некој дедо Иван, кој го затекнал само родот Танасовци, кои потоа целосно исчезнале од селото.[12]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1670 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом во селото Стење. Во избирачко место се опфатени и населените места: Коњско, Стење, Лескоец, Отешево.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 434 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
- Цркви[15]
- Црква „Св. Илија“;
- Црква „Св. Никола“;
- Црква „Св. Петар и Павле“ — пештерска црква;
- Археолошки наоѓалишта[16]
- Старо Село — црква и некропола од средниот век;
- Голем Град — населба, црква и некропола од неолитско, хеленистичко, рисмко време и среден век;
- Коњско — депо на монети од средниот век;
- Бљудо — населба, црква и некропола од средниот век;
Редовни настани
2 ри август илинден
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads