Турија
село во Општина Делчево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Турија — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.
- За други значења на поимот видете на појаснителната страница
Remove ads
Географија и местоположба
Турија се наоѓа на северозападните падини на планината Голак, од лвата страна на реката Брегалница. Сместено е во западниот дел на територијата на Општина Делчево и неговиот атар се граничи со Општина Виница. Селото е ридско и од разбиен тип, а неговите маала се наоѓаат на надморска височина од 620-800 м. Атарот на селото зафаќа мала површина од 4,9 км2. Од Делчево е оддалечено 19 км.[2]
Remove ads
Историја
Во почетокот на XX век, Турија било село во Кочанската каза на Отоманското Царство.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]
Стопанство
Селото има полјоделско-шумарска функција. Во селскиот атар преовладуваат шумите на површина од 332 ха, додека на обработливо земјиште отпаѓаат 103 ха.[2]
Население
По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Турија имало 112 жители Македонци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото Турија живееле 102 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 46 жители, од кои 41 Македонец, 1 останат и 4 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:
Македонски
- Староседелци: Рударци (7 к.), Никовци (3 к.), Цековци (4 к.), Костовци (2 к.), Долномалци (4 к.), Војинове (2 к.) и Црнговци (6 к.).[12]
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1952 година.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од тогашната општина Бигла во склоп на Делчевската околија.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0603 според Државната изборна комисија, кое е сместено во старото основно училиште.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 72 гласачи.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 70 гласачи.[15]
Remove ads
Културни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads