Турија (Катеринско)
село во Катеринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Турија или Турје (грчки: Γανόχωρα, Ганохора[2]) — село во Општина Катерина во округот Пиерија, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 4 километри северно од градот Катерина, на надморска височина од 53 метри[3].
Историја
Селото било основано од бегалци од Источна Тракија по размената на население меѓу Грција и Турција во 1922 година. Во 1928 година селото било евидентирано како целосно бегалска населба со 114 бегалски семејства и 422 жители бегалци[4].
Демографија
Во 1928 година селото броело 461 жител, додека во 1940 година селото броело 674 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 650 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 619 жители, во 1971 година имало 455 жители, во 1981 година имало 500 жители, додека во 1991 година имало 562 жители[5]. Денеска, населението на селото е 799 жители според пописот од 2011 година.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads